Македонија
Демократскиот сојуз: Наставата со физичко присуство е приоритет

Демократскиот сојуз смета дека треба да се подржи одлуката за физичко присуство на учениците за следење на наставата. Аргументирајќи го својот став, од партијата велат дека вакви препораки доаѓаат и од Светската здравствена организација и од многубројни други образовни асоцијации и врвни експерти.
„Се залагаме за доследно почитување на здравствените протоколи, поддршка на мерките и од родителите, вакцинирање на возрасните и следење на епидемиолошката состојба. Инаку, кога беше онлајн-наставата, се протестира за физичко присуство, сега кога се одлучи за физичко присуство, се протестира за онлајн-настава, ова покажува дека некој здравствената криза ја користи за манипулации и злоупотреба на децата за политички цели“, велат од Демократскиот сојуз.
Политичката партија ги повикува сите граѓани да се вакцинираат сѐ со цел да се стекнеме со колективен имунитет и да се намалат можностите за инфицирање со вирусот и тешките последици од него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Каде завршија 1,2 милиони евра од граѓаните на Чаир“, прашува ДУИ

„Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се знае каде се потрошени, претставува огромен скандал и бара итна и транспарентна истрага“, велат од ДУИ.
„Обвинувањето дека толку голема сума јавни средства нема јасна намена укажува на сериозна злоупотреба на народните пари и скандалозно лошо управување од страна на општинската администрација.
Граѓаните на Чаир заслужуваат јасен одговор: Каде се инвестирани овие пари? Кој ќе сноси одговорност за овој скандал?
ДУИ бара надлежните институции да спроведат детална финансиска контрола за да се разјасни како се управувани овие средства и дали постои злоупотреба. Транспарентноста и одговорноста се обврска кон граѓаните, и никој не смее да се крие зад политички игри кога станува збор за нивните пари“, соопшти ДУИ.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.