Македонија
Демократски сојуз: Времето на уцени од Радев заврши

Демократскиот сојуз најостро ги осудува заканите од претседателот на Бугарија, Румен Радев, за блокирање на евроинтеграциите на Македонија, заради наводни загрозувања на правата на Бугарите во Макединија или неспроведување на Договорот за добрососедство и Преговарачката рамка.
„Бугарите во Македонија ги уживаат сите права како и другите етнички заедници, а Македонците во Бугарија немаат право ни на формирање на здруженија за негување на своите особености (јазични, културни итн).
Во врска со евроинтеграциите, Демократскиот сојуз ги афирмира следните три работи:
Прво, Советот на ЕУ, да донесе заклучок дека Македонскиот јазик ќе биде официјален по приемот на Македонија во ЕУ.
Второ, Советот на ЕУ да донесе заклучок дека историските, јазичните, образовните и идентитетските прашања не можат да бидат основа за блокада на евоинтеграциите на Македонија.
Трето, да се обезбеди реципроцитет за правата на Македонците во Бугарија и правата на Бугарите во Македонија.
Во оваа насока ЕУ треба да инсистира на спроведување на одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, во врска со правото на здружување на Македонците во Бугарија.
Овие ставови се доставени и до Урсула Фон Дер Лајен и ЕУ, а се отворени и пред бројни странски дипломати.
Само со заемен респект и почитување на Копенхашките критериуми можно е да се разрешуваат отворените прашања и Македонија да се движи напред“, велат од ДС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Собранието ќе формира комисија за избор на нов претседател на антикорупциската

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата во 12 часот ќе одржи седница на која се очекува да ја формира Комисијата за селекција на кандидати за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Процесот следи откако на 5 август беше распишан јавен оглас, со рок за пријавување од 10 дена. Оваа постапка се спроведува по оставката на претходната претседателка Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
Според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, до изборот на нов претседател, функцијата ја врши заменик-претседателот на ДКСК. Новиот претседател мора да има најмалку десет години работно искуство, од кои осум во областа на борбата против корупцијата, владеењето на правото или добро управување.
Македонија
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Во Владата ќе се одржи одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
По тој повод со почеток во 10:00 часот во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи свечена седница на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Настанот ќе биде пренесуван во живо на „Фејсбук“ и „Јутуб“ каналот на Владата.
Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.
Македонија
Сончево и многу топло со мала локална облачност: максималната температура до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.