Македонија
Демократски сојуз: Ковачевски и Маричиќ водат партиска кампања со државни пари
Демократскиот сојуз најостро реагира против кампањата на СДСМ „Ние сме Европа“, која е финансирана од Владата, а на неа присуствуваат само партиски активисти.
Демократскиот сојуз ги поддржува сите активности поврзани со евроинтеграциските процеси, насочени кон коренити реформи, јакнење на демократијата, борба против корупцијата и организираниот криминал, но со пари на граѓаните да организирате предизборна кампања, тоа е спротивно на Изборниот законик, велат од ДС.
– На трибините плукате по сите што не ве поддржуваат во авантурата со уставни промени во услови кога за седум години не спроведовте ниту една реформа, ниту пак имате резултати, велат од партијата.
Тие додаваат дека со оваа кампања власта продолжува да ги манипулирате граѓаните дека со Преговарачката рамка е решен македонскиот јазик, а не е, дека историските, образовните и идентитетските прашања не се дел од рамката, а се, и дека освен уставни измени, Бугарија нема други барања, а има.
– Колку повеќе „притискате“ толку повеќе граѓанскиот отпор се зголемува, едноставно кредибилитет немате и немате поддршка од народот. Граѓаните се за ЕУ, но над 85 % се против Владата на СДСМ и ДУИ и против уставните промени. За уставни промени се само платените функционери од СДСМ и ДУИ. Затоа наместо да губите време и натаму да ги загрозувате националните и државните интереси и да ги блокирате евроинтеграциите, прифатете избори. Народот нека се изјасни, порачуваат од ДС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

