Македонија
Демократски сојуз: Кохабитацијата со власта секогаш завршува со кратење на работничките права

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита 1-ви Мај, Денот на работничката класа.
„За зачувување на стекнатите права, но и за стекнување со нови, за подобри услови за работа, за соодветно вреднување на работата, како и за подостоинствен живот, само работниците можат да се изборат, доколку се организирани, единствени и имаат силен партнер за разговори со Власта“, велат од Демократскиот сојуз.
Оттаму предупредуваат дека кохабитацијата со власта секогаш завршувала со кратење на работничките права и во интерес на работодавачите.
“По кратењата на многу права на работниците во изминатите години, промените во Македонија, треба да резултираат и со позитивни реформи во работничкото законодавство и натамошно зголемување на платите и правата на работниците, како и подобрување на условите за живот за сите. Овој ден е само потсетување дека борбата за права треба да продолжи“, сметаат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.