Македонија
Демократско Движење: Поликлиниката во Сарај уништена пред да се отвори
„Денеска бевме сведоци на уште една пародија која ни ја понудија пропаднатите министри на ДУИ по повод пуштањето во употреба на Поликлиниката во Сарај. Денеска овие министри на ДУИ не се потсмеваа само со Сарај, туку со целото население во државата пуштајќи во употреба објект кој и пред да се промовира е уништен, подобро кажано внатре е целосно скапан“, велат од Демократското Движење.

Според нив тоа го докажуваат и фотографиите од оваа поликлиника
„Значи објектот на Поликлиниката во Сарај, и пред да се пушти во функција, е во мизерна состојба што се однесува до квалитетот на градбата но и со многу други санитарни проблеми.
Овој објект, кој беше ветуван од 2018 година за жителите на општина Сарај, а кој беше промовиран денеска, за жал ќе продолжи да остане нефункционален. Жителите на Сарај не заслужуваат такво нешто, тие се чувствуваат очајни од оваа голема лага што им се прави.

Овие слики што ви ги пренесуваме денеска го потврдуваат фактот дека во времето кога оваа Влада која издвојува милиони евра за казина и игри на среќа, не е во состојба да го среди суштинското прашање за здравствените услуги на илјадници жители на Дервен, но и пошироко, а особено за луѓето на кои им е потребна поголема медицинска нега и кои се принудени да плаќаат многу пари во клиниките и приватните болници.

Значи со право можеме да констатираме дека Владата не се грижи за здравјето на граѓаните, се грижи за казината, па затоа лекарите и специјалистите ни бегаат како резултат на невнимание и неинвестиција во здравството.

Ние велиме доста е веќе, одговорот ќе го добиете многу брзо на изборите, бидејќи оваа состојба е неподнослива за сите наши граѓани“, се наведува во соопштението на Демократското Движење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

