Македонија
Денеска е Меѓународен ден за заштита на детето

Денешниот ден 1-ви јуни е означен како Меѓународен ден за заштита на детето.
Од Министерството за труд и социјална политика го честитаат денот и ги потврдуваат заложбите дека за нив секое дете ни е важно.
„МТСП продолжува посветено да работи на намалување на детската сиромаштија, обезбедување еднакви шанси за секое дете, и подобри услови за живот и ран детски развој во Северна Македонија. Со социјалната реформа опфатот на деца до детски и образовен додаток го зголемуваме за 20 пати. Нашата цел е да ја намалиме детската сиромаштија којашто во моментот изнесува околу 30 проценти. Истовремено мобилни тимови веќе работат со децата на улица и нивните семејства за нивно вклучување во образовниот процес и на подигање на свеста за вакцинација“, велат од МТСП.
Оттука велат дека за да се превенираат сите форми на на насилство врз децата вклучувајќи го и запоставувањето, Северна Македонија е првата земја во регионот којашто вовела индикатори за препознавање на деца жртви на насилство.
„Децата се нашата иднина, нашиот непроценлив човечки капитал. Како одговорна Влада којашто во секое дете гледа потенцијал продолжуваме посветено да инвестираме и да се грижиме“, велат од МТСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова на средба со независни советници: реафирмирана потребата од постигнување широк консензус за измените на Изборниот законик

Независните советници сметаат дека со актуелните измени на Изборниот законик коишто предвидуваат обврска за собирање повеќе од 1% потписи од електоратот за поднесување независни кандидатски листи во некои општини, се доведуваат во нерамноправна положба во изборниот процес.
За нив, горенаведените измени се противуставни како од процедурален заради скратената постапка, така и од материјален аспект заради дискриминацијата.
Тие очекуваат од пратениците законско решение што ќе води сметка за уставно загарантираната еднаквост на пасивното и активното избирачко право на секој граѓанин, поттикнување на политичкиот плурализам и овозможување фер и демократски избори.
Претседателката ја реафирмираше потребата од инклузивна постапка во функција на постигнување широк консензус за измените на Изборниот законик, почитување на меѓународните изборни принципи, правила и добри практики, како и водење сметка за одлуките на Уставниот суд.
Македонија
Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
„Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот“.
Апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираат јавноста.
Македонија
Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез

Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез во и од Република Северна Македонија (за сите видови возила и лица) соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.