Македонија
Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата Платформа 1198

Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата Платформа 1198 која содржи точно 1 198 проекти и решенија кои се конкретен одговор за проблемите на граѓаните и нивните потреби.
Креирањето на оваа програма е финишот на повеќегодишен консултативен процес во кои беа вклучени експерти, професори, академската и стручната јавност, а во најголема мера беа слушнати барањата на граѓаните кои беа прибирани од редовните средби и дебати кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше низ државата во изминаиот период.
Проектите и решенијата се насочени кон луѓето кои се на прво место. Оваа програма е реална и остварлива со главен фокус кон економијата и животниот стандард. Платформа 1 198 нуди нова надеж и определба дека државата која е одземена од неодговорната власта се враќа кај народот.
Програмата има мега проекти кои ќе бидат презентирани во текот на денешниот ден.
Пред образлагањето на главните проекти денес ќе се одржат 5 програмски дебати за програмата колку и што има столбови на програмата врз која таа се потпира.
Платформата 1198 опфаќа се од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред, европски вредности кон кои што се стремиме.
Ова е програма што го става граѓаниот на прво место, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.