Македонија
Започна пријавувањето за „Скопје трча 10 км“
По огромниот успех на годинешниот „Визер – Скопски маратон“ и рекордниот број пријавени учесници за стартната цел, денес од Сојузот на спортовите на Скопје го најавија следниот тркачки предизвик. Трката што минатата година ги забележа своите почетоци годинава ја продолжува приказна низ скопските улици.
Во 12 часот се отвори пријавувањето за овој спортски настан. Оние што ќе бидат најбрзи и ќе се пријават во првите два дена, ќе може да го одберат својот стартен број. На програмата ќе бидат две трки, трката на 10 км и штафетната трка од 2х5 км, кои започнуваат од 9 часот, а ќе се одржат в недела, 7 октомври 2018 година, повторно на булеварот Илинден.

Главен покровител на „Скопје трча 10 км“ е Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, а како покровител оваа година се приклучува и Град Скопје. Трката е организирана од Сојузот на спортовите на Скопје и Атлетскиот клуб „Работнички“. Самите организатори ја започнаа оваа приказна минатата година и исто како и „Визер -Скопски маратон“ работат кон тоа трката да стане традиционална со цел да се негува спортскиот начин на живеење преку целата година.
За повеќе информации за приказната на „Скопје трча 10 км“ може да се посетат официјалната фан-страница на Фејсбук и веб-страница: http://www.skopje.run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.
Онлајн-пријавувањето ќе биде активирано и на www.smartrace.club. Побрзајте и одберете го вашето среќно бројче. Организаторите годинава очекуваат голем број пријавени учесници, па затоа ги охрабруваат сите заинтересирани да се пријават како учесници. Почнете ја есента со нова приказна исполнета со спортски дух.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

