Контакт

Македонија

Денес сончево време со температура до 15 степени

Објавено пред

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

dobivaj vesti na viber

По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени, јавува УХМР.

Во Скопје сончево, магливо и тивко. Во текот на ноќта ќе има значителна ниска облачност и појава на магла. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Скопје

Герасимовски: Вандализмот да се казнува преку општествено корисна работа

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во однос на вандализмот со оштетување на јавното добро на територија на општината информира дека се отпочнати одредени програми со цел намалување на деликвенцијата и лошото однесување на одреден број жители во општината.

dobivaj vesti na viber

„Почнавме одредени програми, за држење обуки и на наставниот кадар. Ќе продолжиме и со учениците за да се подигне свеста. Отпочнавме одредени предлог законски измени со цел да се вметнат поригорозни мерки за прекршување односно оштетување на јавното добро. Законски измени не само во делот на зголемување на казните за оштетување урбана опрема, туку и општествено одговорна работа кадешто би се вклучиле и децата и родителите за да ја подигнеме свеста на што повисоко ниво. Со ова, родителите да одвојуваат и што повеќе време со децата и да ги учат во правилна насока на однесување“, рече Герасимовски.

Герасимовски потенцира дека е побарано повторно засилено присуство на полицијата во општината за да се намалат девијантните однесувања на одредени млади луѓе.

Прикажи повеќе...

Скопје

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски даде отчет: „Најдоброто допрва доаѓа“

Објавено пред

Под слоганот „Најдоброто допрва доаѓа”, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера вечер, во преполната спортска сала “Независна Македонија”, даде отчет за сработеното во изминатите три години.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање пред околу 1000 граѓани, тој истакна дека се реализирани 95% од програмата, но и и проекти што не биле планирани, но во комуникација со жителите, се појавиле како итни и неопходни. Низ бројки, реконструирани се улици со должина од над 59 км, во сите населби и населени места.

Изградени и обновени се над 11 kм фекална канализациона мрежа, 5,5 km атмосферска канализација, како и 3,6 km нов водовод. Како капитален го издвoи проектот за водовод и фекална канализација во населбата Стаклара Каменик, на кој ниедно претходно раководство не се нафаќаше поради сложеноста на зафатот и превисоката цена за негова реализација.

Информираше дека Општина Кисела веќе ја реализира фекалната канализација, а со одлуката на Владата на Република Македонија и Премиерот Христијан Мицкоски одобрени се 600.000 евра за изградба и на водоводот во Каменик-Стаклара. Градоначалникот Ѓорѓиевски информираше и за инвестициите во образованието: дигитализација,сензорни соби и пречистувачи за сите училишта, проектот „Ранче за секое прваче“, проектот за бесплатни училишни униформи, доделените парични награди, бесплатни летувања и спортски кампови за најуспешните ученици и за децата од социјално загрозените семејства за кои се обезбедени бесплатни ужини, часови по странски јазици, спорт и информатика и низа други погодности.

– Како капитален проект, би ја издвоил изградбата на нов училишен објект за ООУ „Св. Климент Охридски“ во Драчево, кој ќе овозможи уште подобри услови за учениците. Претходно целосно го реконструиравме ООУ “Кузман Јосифовски Питу” кое сега е првото целосно инклузивно основно училиште во земјава. Вложуваме и во сите останати училишта во реновирање и доградби, со цел наскоро сите да преминат на настава во една смена. Реализирани се и 9 поголеми инфраструктурни зафати за изградба на нови градинки и проширување на постоечките капацитети и сега, за упис чекаат само околу 40 дечиња. Со изградбата на двете нови градинки кои се во процес, листата на чекање конечно ќе се затвори-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Во своето излагање тој ги спомена двата нови пазари, отворањето на кино и библиотека во Кисела Вода, но посебно се задржа на дигитализацијата, меѓународниот конкурс за Расадник и бројните проекти во сферата на урбанизмот кои го сменија поранешнит лош имиџ на општината.

– За само три години, Кисела Вода е пример на целосно нова реалност. Со дигитализација на многу административни услуги, таа стана првата дигитализирана општина на Балканот и како таква, препознаена од многу релевантни институции за својата транспарентност. Ние сме горди што сме избрани како единствената македонска општина која е дел од повеќе меѓународни здруженија што ја имаат транспарентноста како главен столб, како што се OGP (Отворено владино партнерство) и Б40 мрежата на градови – лидери од Балканот. Покрај тоа, нашата општина се запиша во историјата како првата што по катастрофалниот земјотрес во Скопје распиша меѓународен конкурс за идејно решение за Детален урбанистички план за Расадник. Таму, каде што претходното раководство имаше намера да изгради 99 згради, ние создаваме модерно, одржливо и хумано урбанистичко решение. Наместо Расадник да се спомнува во негативна конотација, сега за него пишуваат светски реномирани архитектонски списанија, а го поддржуваат и граѓаните и македонската стручна јавност. Проектите што победија, се изработени од истакнати светски архитекти, со активно учество на жителите на Расадник, кои беа вклучени во целиот процес-истакна Ѓорѓиевски додавајќи дека очекува новиот проект “Кисела Вода-адреса за заеднички дом”, преку кој општината ги ослободува од плаќање на комунални такси младите брачни парови, да помогне да ги задржиме младите во нашата земја и да помогне во намалување на депопулацијата. Говоеше и за инвестицијата во спортската инфраструктура, изградбата на 13 спортско рекреативни центи, 6 спортски сали, 7 паркови, 19 детски катчиња.

– Како круна на овие спортски проекти, би сакал да ја издвојам целосната реконструкција на спортската сала “Рaсадник,” која долго време беше симбол на спортскиот дух на Кисела Вода и прв дом на ракометниот клуб Вардар. По долга правна битка, успеавме општината да го преземе управувањето со оваа сала, а сега, во соработка со новосоздаденото Министерство за спорт, го започнавме процесот на целосно реновирање на овој значаен објект. До крајот на оваа пролет, завршената сала ќе им биде предадена на граѓаните, а надежта е дека ракометниот клуб “Вардар” повторно ќе се врати во “Расадник” и ќе го врати овој простор на мапата на спортските успеси.

Се заблагодари на тимот со кој работи, на Советот и сите советници, на Владата на Република Македонија и Премиерот Христијан Мицкоски, на бизнис заедницата, невладиниот сектор и меѓународните партнери, но најмногу на граѓаните со својата поддршка, доверба и идеи. Им порача дека најдобрите денови допрва доаѓаат.

-Овие три години беа само почетокот. Со заедничка посветеност, храброст и визија, ќе ги надминеме сите предизвици и ќе го изградиме најдоброто за нашата општина. Ќе продолжиме да се грижиме за вашите потреби и заедно да ја градиме иднината која сите ја заслужуваме. Ви благодарам од срце! Најдоброто допрва доаѓа –истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието можат да бидат мостови меѓу луѓето

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на свечената седница по повод 22 Ноември – Ден на албанската азбука.

dobivaj vesti na viber

„Денес, со почит се собираме заедно да го одбележиме Денот на албанската азбука – симбол на образованието, културното богатство и напредокот на албанскиот народ. Овој ден, 22 ноември, нè потсетува на Конгресот во Битола, одржан во 1908 година. Таму, со мудрост и единство, интелектуалците донесоа одлука која ќе го трасира патот на албанскиот јазик кон иднината – создавањето на единствена и стандардизирана азбука. Оваа одлука не беше само лингвистичка; тоа беше акт на создавање на иднина и едно културно обележје. Живееме во време на силна диверзификација на различности. Албанската заедница е дел од оваа мозаична слика. Наша заедничка обврска е да продолжиме да градиме општество во кое секој граѓанин, независно од етничката или јазичната припадност, ќе се чувствува рамноправен и ќе има можност да го даде својот придонес за заедничкото добро“, рече Мицкоски и додаде:

„Во овој дух, Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието можат да бидат мостови меѓу луѓето. Не темите кои не разделуваат, не политичките барања на поединци кои многу години претходно се криеја позади народот кого го крадеа. Јасното фокусирање кон приоритетите, кон реалните потреби за образование, економија и напредок ни помагаат да ги надминеме разликите, да ги споделиме нашите вредности и да изградиме посилна, поединствена заедница. Воедно денешниот ден ќе го искористам да зборувам за двете основни вредности кои го обликуваат секое општество – писменоста и образованието. Тие се основата на нашиот индивидуален и колективен развој, алатките што ни овозможуваат да ги оствариме своите цели и да изградиме подобра иднина. Писменоста е првиот чекор кон слободата. Таа ни овозможува да комуницираме, да разбираме и да го изразуваме својот потенцијал. Таа е алатка за стекнување знаење, за развивање критичко размислување и за навигација низ светот. Но, писменоста не е само учење на буквите и бројките – таа е мост што нè поврзува со нашата култура, историја и со светот што нè опкружува. Образованието, пак, ја надградува писменоста и ни овозможува да го откриеме целиот спектар на можности што ни стојат на располагање. Преку образованието, ги учиме основните вредности на човештвото – толеранцијата, почитта и емпатијата. Ги развиваме нашите способности, ги отвораме вратите кон нови идеи и стекнуваме алатки за решавање на предизвиците“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија. Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е...

Македонија1 час

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор...

Македонија2 часа

СДС со примитивни методи во Собранието го активира насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е...

Свет3 часа

Унгарија го поддржа Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е апсурдна

Министерот за надворешни работи на Унгарија ги критикуваше налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху...

Европа3 часа

Украинскиот парламент ја одложи седницата, на пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев

Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, јави јавната телевизија Суспилнe, повикувајќи се...

Свет5 часа

Ким Џонг-ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и ескалација на тензиите, велејќи дека Корејскиот Полуостров никогаш не се...

Топ14 часа

Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир

Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина...

Скопје14 часа

Студентите на протест поради јавниот превоз, бараат и набавка на нови автобуси и велосипедска инфраструктура

Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за утре, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од...

Топ15 часа

Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил

Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки. Според информациите од СВР Скопје...

Скопје18 часа

Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата за ЈСП

Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше...

Македонија20 часа

(Видео) Избегната тепачка во Собранието, Гаши го повика обезбедувањето

Во македонскиот парламент денеска избегната тепачка меѓу некои од пратениците. Инцидентот се случи меѓу лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и...

Македонија22 часа

Црната листа на САД е многу динамична и отворена за додавање нови имиња, порача Агелер

Американската амбасадорка Анџела Агелер, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со црната листа на САД, рече дека таа е...

Скопје23 часа

(Видео) СДСМ со решенија за кризата во Скопје: закон за финансиска поддршка на Градот и на ЈСП, субвенциии за гориво, вели Јанчева

„Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се...

Македонија24 часа

ЈСП избрало неприфатлива понуда во набавката на „евродизелот“, утврдени неправилности во постапката, соопшти Бирото за јавни набавки

Постапката за јавна набавка на „евродизелот“ објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото...

Скопје24 часа

Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да...

Скопје1 ден

Колапс на јавниот превоз, скопјани се солидаризираат: „Застанете ако сте со автомобил, превезете некого“

Од синоќа, со оглед дека нема автобуси, на социјалните мрежи се споделуваат повици за оние што одат на работа со...

Регион1 ден

Ексминистер и двајца поранешни директори меѓу уапсените за уривањето на натстрешникот на Железничката станица во Нови Сад

Поради уривањето на натстрешникот на Железничката станица во Нови Сад, уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови...

Европа1 ден

(Видео) Русите ја нападнаа Украина со шест бомбардери „ту-95“ и „миг“, Днепар во пламен

Во денешниот руски ракетен напад е оштетена индустриска компанија во Днепар, а во градот избувнале пожари, изјави началникот на воената...

Европа1 ден

Ажурираната нуклеарна доктрина на Русија е лукав потег на Путин против Бајден и му оди во прилог на Доналд Трамп

Нуклеарните закани на Москва се прилично суптилна игра која директно не ѝ штети на Русија, туку му штети на актуелниот...

Свет1 ден

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка по состаноците за трговија, економија, наука и технологија во Пјонгјанг, објави севернокорејскиот...