Македонија
„Денешната состојба во СДС е резултат на погрешното обложување на Вице Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС повторно е заложник на минатото, без визија, без идеи, без енергија. Поразени на избори, расклатени од внатрешни фракции, тие очајнички се обидуваат да ја зачуваат контролата врз партијата преку личности како Фани Каранфилова – но дали ова е најдоброто што можат да понудат“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„Денешната состојба во СДС е резултат на погрешната кладба на Вице Заев. Додека светот се менува, додека глобалните политички текови носат нови предизвици, СДС повторно оди со старата матрица на клиентелизам, лични интереси и затворени кругови.
Неколку суштински прашања до Фани Каранфилова:
1. Како се чувствувате како заложник на Вице Заев? Дали сте навистина избрана заради вашите квалитети или само заради тоа што сте „сигурен избор“ на стариот систем?
2. Зошто потрошивте илјадници евра на митинг во Струмица кој беше целосен дебакл? Дали партијата ги користи последните ресурси на безуспешни спектакли за Вице Заев да си ја задржи контролата?
3. Што мислите за бегството на Артан Груби и криминалот на ДУИ во Лотарија? Зошто СДС молчи и не се оградува? Дали тоа значи дека го одобрува криминалот?
4. Дали, со оглед на тоа што СДС никогаш не се извини за криминалите, значи дека стоите зад злосторствата врз граѓаните?
5. Дали го поддржувате изборот на Судскиот совет за претседател на Врховниот суд? Дали ова е уште еден обид за поставување партиски кадри во судството?
6. Дали е точно дека главниот спонзор кој ги платил автобусите за митингот на СДС се токму Заеви? Дали ова покажува дека СДС е сè уште во нивни раце?
7. Дали во плаќањето на автобусите има пари од Васко Ковачевски или средствата доаѓаат исклучиво од Заеви? Дали ова значи дека партијата е целосно зависна од нивните финансиски интереси?
СДС е партија без кредибилитет, без одговорност и без иднина. Нивната „реновирана“ структура не е ништо друго, туку повторно рециклирање на истите ликови кои ја уназадија државата.
Но, едно е сигурно – граѓаните не сакаат рецидиви од времето на Заев.
Можеби во СДС сè уште веруваат дека можат да ја држат партијата во заложништво преку поставување на потпросечни луѓе, но Македонија одамна го надмина тоа.
Време е за нови политики, за одговорност и за реална промена“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

