Македонија
Ден на рударите – наградени најдобрите вработени во РЕК Битола и РЕК Осломеј
По повод верскиот празник Голема Богородица, кој се прославува и како Ден на рударите, во рударско-енергетските комбинати во Битола и во Осломеј беа доделени награди и признанија за најдобрите работници.
Наградите ги додели претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АД Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски, кој ги поздрави вработените и им го честита празникот, нагласувајќи ја важната улога која рударите ја имаат во РЕК Битола и РЕК Осломеј, чие производство на електрична енергија почива на јагленот, како и нивното значење во рамките на целата компанија АД ЕСМ.
„Нашите рудари се првите во синџирот на производство на електричната енергија во термоелектраните. Се почнува во рудникот, од јагленот. Исто така, тука се и сите други вработени во другите сектори, но тоа што е заедничко за сите е споделувањето на една работна околина која е тешка за работа, која бара многу и која е многу одговорна. Државата енергетски се потпира на нас и тоа е нешто за што сите мора да сме свесни во секој момент, бидејќи тоа е голема одговорност”, им порача директорот Ковачевски на вработените.
На пригодни церемонии по повод празникот кои се одржаа во двата комбината беа доделени награди, пофалници и плакети за покажана успешност, пожртвуваност и посветеност во извршувањето на работните задачи на 35 вработени во РЕК Битола, 11 вработени во РЕК Осломеј, како и признанија за двајца работници од РЕК Битола пензионирани со најдолг стаж меѓу двата празника.
Дел од пофалниците се доделуваат и за особена пожртвуваност при справувањето со последиците од поплавите што го зафатија еден од двата рудника во РЕК Битола, Суводол, во август годинава.
Директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, и директорот на ПЕ Рудници, Драган Видановски, денеска ги посетија вработените во рудникот кои непрекинато ги извршуваат работите за повторно целосно оспособување на ископот на јаглен и лично им го честитаа Денот на рударите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!
„Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено“, велат од „Влен“.
„Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на Северна Македонија. По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет.
Ова не го кажува ВЛЕН, го кажува слободниот глас на Албанците.
Во првиот круг, ВЛЕН убедливо победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце. Во вториот круг, Албанците ја запечатија промената во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово. Овие победи не се случајности, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата политика.
Албанците точно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува.
Ова јасно гласање е крај на една ера и почеток на нова визија за албанската политика.
ВЛЕН го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците бидејќи Албанците веќе проговорија“, соопштија од „Влен“.
Македонија
Делови од пет скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
· од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Димче Милошевски. (Општина Гази Баба)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. 1 во с. Сопиште. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Димитар Мирсачев. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на ул. Леринска бр. 3. (Општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне слаба магла, попладне повремени врнежи од дожд
Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од следниот викенд.

