Македонија
Дескоска најави нов модел на антикорупциска комисија
Министерката за правда, Рената Дескоска, најави нов модел на антокорупциска комисија. Таа истакна дека во моментот во Министерството за правда е формирана работна група којашто работи на измените на Законот за спречување корупција.
„Идејата е новата комисија да биде составена од експерти, луѓе коишто немаат политичка афилијација, а тоа го сметаме за некој вид предност – знаењето, но и политичката неврзаност како предност во смисла на исполнувањето на овие задачи коишто оваа антикорупциска комисија треба да ги има. Во рамки на оваа работна група покрај моделот на антикорупциска комисија, се разгледуваат и надлежностите на овој орган бидејќи ефективни надлежности но и јасни законски норми ќе бидат секако придонес кон подобро вршење на активностите на овој орган во рамките на своите надлежности“, потенцираше Дескоска.
Таа додаде дека Министерството за правда заедно со меѓународната заедница презема одредени активности околу јакнење на техничките капацитети коишто ќе бидат ставени на располагање на новата антикорупциска комисија.
Дескоска, исто така, се осврна на реформите во судството при што истакна дека пред судството стојат две задачи: да се бори со корупцијата во другите органи, но и да се бори со корупцијата во своите редови.
„Корупцијата не е само примање на парични надоместоци или подароци, корупцијата е отсуство на сите видови влијанија во носењето на одлуките и тоа е особено битно за судството бидејќи кај нив е изрично пропишано дека мора да судат врз основа на Уставот и законите во Република Македонија, што, за жал, не секогаш беше случај во изминатиот период“, рече Дескоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

