Македонија
(Видео) Дескоска: Унгарија до сега не одбила екстрадиција, очекуваме одговор од властите

Немаме добиено се уште никаков одговор од надлежното министерство во Унгарија за екстрадицијата на експреммиерот Никола Груевски, изјави министерката за правда Рената Дескоска додавајќи дека роковите кои ги имаат за одговор се уште не се изминати.
„Ќе почекаме, доколку не добиеме одговор во предвидениот рок тогаш ќе пуштаме ургенција, тоа се страндардни процедури. Сакам да напоменам дека досега Унгарија не одбила да екстрадира ниту едно лице. Последната екстрадиција ја имавме сега во месец септември и немавме никаква забелшка ниту за состојбата во затворите, ниту за водењето на судски постапки, ниту пак дека постои некаков ризик во Република Македонија“, изјави министерката за правда како одговор на прашање дали очекуваат Груевски да биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.
Таа додаде оти се надева дека согалсно на својата пракса Унгарија ќе треба да одговори и на овој случај со македонскиот експремиер, Никола Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Објавени кандидатите за градоначалници за скопските општини на партијата Левица

По долги анализи, политичката партија Левица ги објави имињата на вториот бран кандидати за градоначалници на скопските општини за кои вели дека се личности со висок професионален кредибилитет, добро познати за јавноста, личности кои се подготвени за предизвикот – да ги водат локалните самоуправи во скопските општини.
Кандидат за Градоначалник на Општина Кисела Вода е проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.
Кандидат за Градоначалник на Општина Ѓорче Петров е адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на позната адвокатска канцеларија, борец за социјална правда, координатор на Трудов сектор на Политичка Партија Левица.
Кандидат за Градоначалник на Општина Карпош е Антонио Димитров, актуелен директор на најстарата културна установа во Скопје, Културно-Информативниот Центар. На институцијата, Димитров како управител и овозможи мошне богата, разновидна и редовна програма.
Кандидат за Градоначалник на Општина Гази Баба е Златко Тренчевски, металуршки инженер со долгогодишно раководно искуство во повеќе познати компании.
Македонија
Во Охрид одбележани 81 година од формирањето на 6-та народноослободителна и 33 години на 6-та пешадиска бригада

На пригодна свеченост, во поранешната касарна во Охрид, беше одбележана 81 годишнината од формирањето на шестата народноослободителна бригада и 33 годиншнината од формирањето на шестата пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија.
Во присуство на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на поранешни армиски генерали во пензија, претседатели на воените ветерани и резервисти на Република Македонија, на Сојузот на борци од Охрид, претставници на СВР Охрид како и на повеќе актуелни и поранешни припадници на единицата, за развојниот и борбениот пат на 6 пешадиска бригада, од судбоносните моменти во 1944 и завршните операции за ослободување на Западна Македонија, зборуваше полковникот во пензија и претседател на Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Охрид, Добре Велјаноски.
– Ние ветераните, правиме се, минатото да не се забораави, низ Дебрца направивме повеќе спомен објекти а овде во касарната, направивме спомен соба во чест нанашата прославена Бригада, рече Вељјаноски.
Во својот пригоден говор, градоначалникот Пецаков истакна дека, формирањето на шестата народноослободителна бригада, е круна на народноослободителното движење во регионот и претставаува остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање своја државност и самостојност. Пред построените припадници и почитувучи на шестата бригада, се обрати и претседателот на Сојузот на борци од Охрид, Гоце Георгиевски.
Во рамките на активностите за одбележување на 81 годишнината од формирањето на шестата народноослободителна бригада и 33 годиншнината од формирањето на шестата пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија, делегација на Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Охрид, положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба.
За посебен придонес во формирањето на бригадата, во 2023 година, доделени беа благодарници постхумно на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба на полковник во пензија, на тогашниот заменик на командантот, полковник во пензија Павле Момироски како и на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за искажаната помош и поддршка за отворањето на спомен собата на 6-та Македонска народно ослободителна бригада, лоцирана во охридската касарна.
Македонија
(Видео) Утната процедура е можна причина за одложување на седницата за прислушувањата, Петровска бара декласификација

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска на прес-конференција оцени дека власта намерно прави деловнички грешки со закажувањето на седницата на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање.
Петровска посочи дека таа била известена да претседава со седницата закажана за денес, но утрово добила известување од претседателот на Собранието дека седницата е одложена. Објасни дека од неофицијални извори разбрала дека станува збор за „утната процедура“ или погрешна примена на Деловникот, но истакна дека како пратеничка и членка на Комисијата е подготвена да претседава кога било, според правилата.
„Како пратеничка на СДСМ, од интерес ни е надзорот да се спроведе и граѓаните да бидат информирани за наодите и информациите до кои ќе дојдеме. Секој друг обид за шпекулации е неприфатлив“, рече Петровска.
Таа нагласи дека СДСМ нема што да крие, но се сомневаат дека власта има што да крие, особено поради инсистирањето за декласификација на документите.
„Несериозен е пристапот на власта, особено затоа што тие се тие што го обелоденија овој таканаречен скандал, а при тоа пропуштија правилно да го применат Деловникот. Тоа е сомнително, најмалку речено. Тоа значи дека свесно сакаат вниманието да го насочат кон деловнички интерпретации, а во суштина – надзорот не го посакуваат. Веројатно, токму поради тоа што документите ќе откријат интересни сознанија. Не прејудицирам, само поставувам прашања. Но час поскоро ако се одржи надзорот и ако се декласифицираат тие информации, сите овие дилеми ќе бидат разрешени и ќе ја знаеме вистината“, рече Петровска.
Можеби, како што додаде, ова одложување е резултат на страв од таа декласификација.
Петровска додаде дека вчера и претседателот на Комисијата, Скендер Џепи, не бил информиран за нејзиното претседавање, а службите потврдиле дека иницијатива за свикување на седницата не била доставена.
Заклучи дека ако надзорот се одржи и документите се декласифицираат, сите дилеми ќе бидат разрешени и ќе се знае вистината, предупредувајќи на можноста за спојување на двете агенции со цел поставување на човек без искуство на чело на новата агенција.