Македонија
Деспотовски ги повика кандидатите за претседател на СДСМ да се соочат на дебата: Охрабрува тоа што моите колеги ги промовираат клучните точки од мојата програма
Јован Деспотовски ги повика уште еднаш сите кандидати за претседател на СДСМ да му се придружат на јавна дебата, на која ќе ги презентираат своите идеи и конкретни реформи.
Овој повик, вели Деспотовски, доаѓа како одговор на многуте барања од луѓето од цела Македонија со кои се среќавам и зголемениот интерес од медиумите.
„Нема од што да бегаме, а само преку отворен и транспарентен пристап можеме на луѓето да им дадеме можност да избираат идеи и концепти, а не однапред сервирани решенија. Охрабрувачки е да се види дека моите колеги активно ги промовираат клучните точки од мојата реформска програма, особено реформата, со која се воведува директен избор на клучните луѓе на партиски позиции преку непосредни избори што го промовирав уште пред три години. Силата е во членството. Нема сервирање готови кадри, туку членството ќе избира кој ќе ги претставува. Ова е единствениот начин како градоначалникот и пратеникот да бидат одговорни кон луѓето, а не кон лидерот“, вели Деспотовски.
„Гледам дека сега консензуално ги прифаќаат, па сметам дека на една јавна дебата треба отворено да видиме кој каков план има да спроведе, како и да ги споделат и своите идеи за кои ќе се залагаат.
Јавното соочување е нешто за што секогаш сме се залагале и за кое секогаш сме имале храброст да го бараме од нашите политички противници. Со јавната дебата ќе покажеме дека сме отворени и посветени на фер процес, во кој информацијата, можноста, идејата ќе дојде до што е можно поширок круг наши членови, а не само на тесен избор на партиски структури. Процесот на избор на претседател на СДСМ е сè, освен прашање/право на затворен круг луѓе.
Подготвен сум да се приспособам на потребите на другите кандидати во однос за форматот, времето и местото што ќе го изберат“, додава кандидатот за претседател на СДСМ, Деспотовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

