Македонија
Деспотовски најавува директен избор на кандидатите за функционери од страна на сите членови на СДСМ
Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, најавува директен избор на кандидатите за функционери од страна на сите членови на партијата.
„Со програмата ‘Концепт 28’ воведуваме директен избор на кандидати за градоначалник и пратеник од страна на членовите. Носителите на јавни функции така ќе станат одговорни кон членството и граѓаните, а не кон лидерот“, пишува Деспотовски на „Фејсбук“.
Тој истакнува дека многуте направени грешки во кадровската политика ја донеле сметката на избори.
„Ги учиме лекциите од минатото кога функционерите се отуѓуваа од луѓето што ги избираат. Нема криење од јавноста, пријателите, соседите. Јавната или партиска функција не смее да не менува. Човек останува човек“, истакнува кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

