Македонија
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ шест месеци пред истекот на мандатот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/Despotovski-1.jpg)
Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поднесе оставка од функцијата.
Деспотовски објасни дека неговиот мандат истекува во декемрви, но свесен е за новата политичка реалност.
Додава дека она што кулминирало деновиве бара негов целосен ангажман.
Деспотовски беше еден од предлозите за нов претседател на СДСМ, но на внатрепартиските избори што се одржаа викендов беше поразен од ексминистерот за здравство, Венко Филипче.
Деспотовски на чело на ТИРЗ застана на крајот на 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Општина Кисела Вода: Бесплатни ранчиња за првачињата и летен спортски камп за спортистите и социјално загрозeните деца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/dve-merki.jpg)
И оваа година Општина Кисела Вода излегува со сет мерки за поддршка на основците и нивните семејства.
Сите запишани првачиња ќе добијат бесплатен ранец со тетратки и прибор, а за младите спортисти и децата од социјален ризик, е обезбеден летен спортско едукативен камп.
„Грижата за нашите деца е секогаш поставена највисоко во листата приоритети што во овој тригодишен период сме го покажале преку многубројни проекти. Сакам да упатам апел до родителите кои годинава имаат провоодделенец да не купуваат чанти и ранци, прибор и тетратки, бидејќи тие им се обезбедени бесплатно преку нашиот проект “Ранче за секое прваче”. Сметам дека ова е значајна поддршка која на сите нив ќе им овозможи безгрижно и со радост да го дочекаат први септември. Воедно, сакам да информирам дека групите сочинети од спортисти од спортските клубови од општината со младински категории и основците од социјален ризик кон средината на август заминуваат бесплатно во Охрид. На брегот на езерото, цела седмица тие сите заедно ќе се рекреираат, ќе спортуваат и дружат во рамки на летниот спортско едукативен камп. На овој начин покрај промовирање на спортот и здравиот начин на живот, ги промовираме и еднаквите можности за сите деца без разлика на нивната финансиска состојба. Сетот мерки за поддршка не завршува тука. Преку бројни проекти ќе продолжиме да ги унапредуваме условите, што е наша обврска, но и големо задоволство“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Средба Тошковски – Гир: Продолжува поддршката на ЕУ во реформите и јакнење на капацитетите на македонската полиција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/2-3.jpg)
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, оствари работна средба со амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.
Тошковски на средбата ја изрази својата благодарност за поддршката и соработката за време на техничката влада и за континуираната поддршка што нашата земја, но и МВР, ја добива во насока на реформирање и модернизација на институциите.
Изрази уверување дека соработката и поддршката од ЕУ во следниот период само ќе се зголемуваат, конкретно и во областа на безбедноста.
На средбата министерот ги претстави главните приоритети на Министерството, во кои ќе биде потребна експертизата на ЕУ во постигнување на европските стандарди, со крајна цел што побргу да станеме дел од големото европско семејство.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, ја потенцира тековната соработка на БЈБ во рамките на постојните проекти и искористувањето на фондовите од ЕУ, ги појасни планираните реформи на БЈБ и потенцира дека во фокус ќе бидат и евентуални злоупотреби на европски пари во државата за што ќе се спроведат и соодветни истраги.
Амбасадорот Гир ги истакна тековните проекти и поддршката што ја имаме од страна на ЕУ во делот на јакнење на капацитетите на МВР, особено во делот на илегалната миграција, борбата со организираниот криминал и ги посочи предизвиците во кои треба се фокусираме во иднина во насока на доближување на европските стандарди.
Гир ја даде својата поддршка во реформските процеси и ја потенцира и можноста за поддршка од системот на ЕУ за справување со евентуални шумски пожари во летниот период.
Македонија
Средба Костадиновски – Георгиевски: Ќе се унапредува соработката на Уставниот суд со Правниот факултет „Јустинијан Први”
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Sredba-1.jpg)
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска оствари работна средба со деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Сашо Георгиевски.
На средбата имаше дискусија за можностите за унапредување на соработката помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет.
Костадиновски го информира Георгиевски за приоритетите во својот мандат, меѓу кои највисоко на агендата е интензивирање на соработката и интеракцијата меѓу Уставниот суд и науката.
Во рамките на предвидените активности, по повод 60-годишниот јубилеј што го прославува Уставниот суд оваа година, предвиден е меморандум за соработка со Правниот факултет.
Предлог-текстот на меморандумот беше во фокусот на средбата и се очекува во најбргу што може да биде потпишан.
„Изразувам искрено задоволство за Вашата подготвеност за соработка, лично сметам дека ставот и позициите на науката по важни општествени и особено релевантни теми за уставното судство се од исклучително значење и не случајно еден од врвните приоритети за мене е поголема присутност на науката не само теоретски во стратегиите туку и во секојдневните активности, во согласност со надлежностите на судот“, потенцира Костадиновски.
Георгиевски ги поздрави подготвеноста и позитивниот пристап за воспоставување поинтензивна соработка помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први“ и изрази очекување дека двете институции преку меморандумот ќе имаат заемна корист.