Македонија
Дефиле на хуманоста „За Скопје со љубов“ за одбележување 77 години постоење на Црвен крст на град Скопје
Црвениот крст на град Скопје денеска со дефиле на хуманоста, со мотото „За Скопје со љубов“ одбележа 77 години од основањето. На дефилето учествуваа повеќе од 1000 лица волонтери на Црвен крст на град Скопје, на петте општински организации, како и корисници на услуги на Црвениот крст.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, учествуваше во дефилето на хуманоста и во оваа пригода го честиташе јубилејот на Црвениот крст на град Скопје.
– Активностите и делувањето на Црвениот крст е од исклучителна важност за бројни категории на граѓани за чија добробит делуваат волонтерите на Црвен крст, преку илјадници акции и активности во текот на целата година, вклучително и оние за најранливите групи на граѓани, за кои оваа грижа придонесува за позитивна промена во нивниот живот. Соработката на Градот Скопје и Црвениот крст продолжува со поддршка низ бројните програми за грижа на ранливите категории граѓани.– истакна Арсовска.
Значајно е да се нагласи дека изминатиов период во рамките на одличната меѓусебна соработка, формирана е Платформа за унапредување на соработката помеѓу Црвен крст на град Скопје и Градот Скопје во делот на подготвеност и одговор во случај на катастрофи. Со поддршката од Градот Скопје, воведена е услугата за превоз на лица со посебно опремени наменски возила, наменета за стари изнемоштени и лица со инвалидитет, а промовирано е и „Итно Копче” програмата на Црвениот крст на град Скопје, наменета за обезбедување сигурност на постарите лица над 65 години.
Дефилето помина по улиците „Кочо Рацин“ и „11 Октомври“ до плоштадот „Македонија“, каде што учесниците формираа крст – симболот на организацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

