Македонија
Децата од Аеродром порачаа: Сакаме здрави родители!
Учениците од општина Аеродром денеска се приклучија кон кампањата за борба против ракот на дојка и ракот на простата што се одбележуваат во текот на октомври и ноември.
Децата им делеа флаери на минувачите пред трговскиот центар „Капитол“ со порака „Здрави родители за среќно и безгрижно детство“, а за акцијата да има уште поголем ефект, тие со помош на полицијата ги запираа и возачите на кои им даваа совети за тоа како да го заштитат своето здравје и да ги превенираат овие болести.
На настанот присуствуваше и претседателката на здружението „Борка“, Биба Додева.
Октомври е месец посветен на борбата против ракот на дојка, кој се одбележува во целиот свет со цел да се сврти вниманието за ширењето на оваа болест, подигање на свеста за значењето на превенцијата и нејзиното рано откривање.
Според последната процена на Меѓународната организација за истражување на оваа болест во 2018 година, ракот на дојка е регистриран кај околу два милиона лица во светот, од кои починале 600 илјади.
Ноември е месец кога се обрнува посебно внимание на машкото здравје. Со почетокот на месецот започнува и „Мовембер“ – акција што има цел да ги информира мажите за болестите што ги погодуваат. „Мовембер“ се одбележува со симболично пуштање мустаќи.
Ова движење почнало во 2003 година преку невладината организација наречена „Мовембер фаундејшн“. Целта на акцијата е до 2030 година да се намали бројот на мажи за околу 25 отсто што прерано умираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

