Македонија
Димитриева: Време е за промени во Демир Капија, доволно беа овие осум години со водоводи кои не функционираат, улици кои се распаѓаат, затоа гласајте за бројот 9
Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за општина Демир Капија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во општината, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамките на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат 2 ноември.
Димитриева на самиот почеток истакна дека време е за промени во општина Демир Капија и наброи дел од проектите на изборната програма.
„Време е за промени, доволно беа овие осум години, водоводи кои не функционираат, улици кои се распаѓаат, млади кои заминуваат, Демир Капија повеќе не е општина со развој. Затоа, секој нереализиран проект е потрошено време, секое лажно ветување претставува разочарување на секој граѓанин. За да постигнеме развој во општината, потребно е да започнеме од најприоритетните проекти. Најпрво од село Прждево, жителите после осум години заслужуваат да добијат квалитетна вода за пиење, со што ќе изградиме објект по сите стандарди кадешто ќе имаат станица со хлор, во село Корешница ќе имаме барање до Регулаторна Комисија за намалување на цената на водата, најмалку до 10%, во село Бистренци ќе се санираат сите недостатоци кадешто имаме недостаток на вода, исто така во Село Дрена, Чифлик ќе се реализираат канализациската мрежа. Имаме и други приоритетни проекти кадешто имаме асфалтирање на улици во село Чифлик, Дрен, Бистренци, и Корешница“, истакна Димитриева.
Димитриева исто така посочи дека благодарение на финансиските средства од Владата во Демир Капија ќе се реализираат повеќе проекти и ги повика граѓаните на 2 Ноември да го направат вистинскиот избор за конечно да се врати достоинството во Демир Капија.
„Исто така голема благодарност до Владата на Република Македонија која во општина Демир Капија издвои средства во износ над 35 милиони во коишто ќе се реализираат повеќе проекти и тоа: Доизградба на кујна во основно училиште Димче Ангелов-Габерот, проект за улично осветлување, проект за канализациски мрежи, проект доизградба на фудбалско игралиште. Ве повикувам, на 2 Ноември да излеземе што помасовно, да го дадеме својот глас за бројот 9 за да го вратиме достоинството во општина Демир Капија“, децидна е Димитриева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

