Македонија
Димитриевски од Кавадарци: Сакаат да не уништат, но забораваат дека ние сме како пиреј
Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, од движењето ЗНАМ – За наша Македонија вечерва имаше средби и се обрати пред граѓаните на Кавадарци.
„Малку не има, грст луѓе, еден ипол милион во државата. Ајде почитувани пријатели да испратиме порака вечерва од тука дека е можно да се обединиме“, рече Димитиревски пред Кавадарчани.
Тој посочи дека 30 години во круг се вртат едни или други, а секоја година е се полошо. Се заблагодари на големото присуство и рече дека тоа покажува дека тој и неговите соработници од ЗНАМ се на вистинскиот пат.
„Тука не гледам партиски војници, туку гледам домаќини, луѓе кои се вградиле во оваа држава. Луѓе со кои ќе одиме во Европа, но со крената глава“, додаде тој.
Димитриевски потенцира дека мора да се спречи корупцијата, мора да се врати правдата каде и местото.
„Ние во Македонија имаме се, но могу лошо е организирано и е во функција на тие што се на власт. А власта почитувани, им ја даваме ние. Ова се суштински моменти за Македонија и за идните генерации. Треба да излезат граѓаните и да кажат доста е. Како Претседател на државата ќе предложам стратегија за борба против политичкиот криминал и корупција. Зашто тие не се борат за власт, туку се борат за се. Сакаат да бидат господари на се, а граѓанинот да го стават во функција на модерното ропство. Но ние сме како пиреј, колку и да не чистиш, повторно не има, а никнуваме и после сто години. Такви сме“, рече Димитриевски и продолжи: „Можеме многу. Мојата цел е Македонија да стане самоодржлива држава, која ќе биде своја на своето. Држава која ќе го зголемува извозот и ќе го намалува дефицитот“.
„Од ден на ден ја губиме државата. Што ќе им кажеме на децата? Затоа молкот е забранет. Масовно да се излезе и да се даде гласот за ЗНАМ, а јас како иден претседател ќе го дадам својот максимум Македонија да биде достинствена држава со среќни луѓе“, рече Димитриевски
Тој денеска се обрати и пред граѓаните на Неготино.
„Ние не митиганшиме, одиме од човек на човек, скромно, но тоа што го пишуваме во Програмата е конкретно и се разликуваме од другите по тоа што си го држиме зборот. Такви сме ние од ЗНАМ, скромни и сами си ги плаќаме сметките од нашиот џеб“, рече Димитриевски и додаде дека на граѓаните се им е јасно и бараат начин како да се излезе од црно-сивиот свет.
„Трудот на луѓето кои работат во Повардарието го користат тие, кои што направија држава без правда, тие кои што направија држава без закон, држава без ред, без поредок. Држава којашто наводно е наша, а суштински е нивна и на крајот сакаат да постават држава која ќе им биде во функција ним. Тие се оние што ние граѓаните ги бираме. Ние денеска во Македонија имаме суд, судии, правда немаме. Имаме обвинители, имаме Обвинителство, обвиненија нема. Се обвинуваат единствено тие коишто ќе го кренат гласот против власта, или гласот против урбаната и друга мафија во државата. И затоа е молкот повеќе од срам. Да седиш и да молчиш во овие круцијални моменти за државата, е срамно“ рече тој.
„Дојдовме во ситуаcија да бидеме туѓи на своето. Да гледаме како еден ДУИ, 20 години си игра и со едните и со другите и ги врти како синџирче околу прстот. Им кажува како треба и што треба. Ги менува законите како сака и за што сака. Е па доволно беше. Топката ќе си ја игра Ахмети назад во селото каде што му е партијата, а не во кабинетот за кој јас,вие, сите ние плаќаме. Артан Груби ќе сиодни да си навива на трибините, но по закон, а не да седи во паралелна влада во Скопје, со црни мерцедеси коишто ги купуваат повторно од нашите пари. А овие кои им служат ним, а коишто ги гласавме сите ние, а и јас, е нив ќе ги пратиме во политичка пензија за да не добијат можност никогаш повеќе да го прават тоа што го правеа до сега“, потенцира Димитриевски пред неготинчани.
Караванот на кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски денеска беше и во Демир Капија и Росоман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Со донаторска вечер, почна со работа Фондацијата „Фросина Кулакова“
Донаторска вечер насловена „Threads of Light“ официјално го одбележа почетокот на работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“. Вечерта беше посветена на уметноста, креативноста и солидарноста како универзални јазици преку кои може да се зборува за животот, одговорноста и потребата од подлабока општествена промена.
Настанот обедини уметниците, културната јавност и граѓаните околу една заедничка идеја – дека уметноста не е само естетика, туку и моќен простор за сеќавање, дијалог и општествена свест. Во рамки на вечерта беа изложени и ставени на хуманитарна аукција дела од македонски уметници и креативци од различни области – од сликарство и скулптура, до дизајн, мода и применета уметност – создавајќи една жива, разновидна и симболична мапа на современата креативна сцена.
Донаторската вечер „Threads of Light“ ја користи уметноста како начин да се поврзат личната емоција и јавната одговорност, а секое дело што ќе биде дел од аукцијата носи сопствена приказна и сопствен придонес кон една поголема, заедничка цел.
Средствата собрани од донаторската вечер ќе бидат наменети за развој на програмите на Фондацијата, меѓу кои централно место имаат обезбедувањето психосоцијална и правна поддршка за семејствата погодени од сообраќајни трагедии, како и формирањето фонд за стипендирање на млади талентирани уметници кои поради социјални или финансиски причини не можат да ја остварат својата креативност и да ја изградат својата иднина.
На настанот беше претставена химната „Фросина“, отпеана од Хорот ФРИДА под водство на Сузана Турунџиева, со текст на Огнен Неделковски. Баладата е создадена како искрена, лична и достоинствена почит, но и како јавна порака дека музиката, како и уметноста, може да биде форма на паметење, завет и повик за промена.
Фондацијата „Фросина Кулакова“ е основана од семејството на трагично починатата Фросина со цел да создаде долгорочна и одржлива платформа за градење култура на грижа, правда и свесност. Преку кампањи за општествена одговорност, културни и едукативни проекти и директна поддршка, Фондацијата има за цел да го претвори личниот губиток во јавна мисија што создава смисла и општествено дејствување.
Од Фондацијата посочуваат дека зад секоја сообраќајна трагедија не стои само еден трагичен момент, туку долг и тежок процес на соочување со последиците, и дека токму затоа овој настан не е замислен само како еднократна вечер, туку како почеток на една поширока и подлабока општествена иницијатива.
Донаторската вечер „Threads of Light“ претставува прв јавен чекор во работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“ и почеток на една мисија во која уметноста, културата и човечката солидарност стануваат сојузници на промената.
На настанот присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој вели дека Фондацијата носи важна мисија за унапредување на безбедноста во сообраќајот, поддршка за семејствата погодени од сообраќајни несреќи, иницијативи за подобрување на законската заштита и поддршка на млади таленти.
„Вечерва присуствував на свеченото отворање на Фондацијата „Фросина Кулакова“ – иницијатива што произлезе од огромна болка, но и од уште поголема сила да се спречат идни трагедии. Фросина беше млада девојка со живот пред себе, кој прерано и неправедно беше прекинат во сообраќајна несреќа. Ова не е само лична трагедија за едно семејство, туку потсетник за сите нас колку е кревка безбедноста во сообраќајот и колку сериозно мора да ја сфатиме одговорноста зад воланот. Фондацијата носи важна мисија за унапредување на безбедноста во сообраќајот, поддршка за семејствата погодени од сообраќајни несреќи, иницијативи за подобрување на законската заштита и поддршка на млади таленти“, напиша Тошковски на социјалните мрежи.
Македонија
Парламентарното собрание на Советот на Европа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија: „Значаен успех“
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година.
Како што истакна министерот Муцунски, оваа одлука претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда за остварениот напредок во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји.
Министерот нагласи дека посебна заслуга за успешно заокружување на овој долгогодишен процес има македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од пратеничките Марија Петрушевска и Иванка Василевска, како и Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Советот на Европа.
Одлуката, како што посочи Муцунски, претставува значаен успех и недвосмислена потврда за посветеноста, професионализмот и ефективноста на македонската дипломатија во унапредувањето и заштитата на темелните европски вредности.

