Македонија
Димитриеска Кочоска: Младите со оваа Влада постојано гледаат неправди, се е поврзано со криминал и корупција
Една од причините мотивите за вклучување во политиката ми беше да се подобри животот на младите во Македонија за да ни останат тука.. Јас сум мајка на два сина кои се мали за да зборуваат за иселување, но ќе дојде момент кога тоа ќе се случи и гледајќи ги како растат си го поставувам прашањето зошто младите се иселуваат. Секојдневно низ разни примери гледаме како кај младите создава незадоволство на секое ниво, изјави Гордана Кочоска Димитриеска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната панел дискусија за Економија на Саем на проекти за млади од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, „Иднина за сите во Македонија“.
Кочоска Димитриеска истакна дека младите гледаат како некој на 24 годишна возраст може да ја купи Соравија, а претходно бил целосен анонимус, додека во исто време тие се трудат и работат, им продаваат приказни како тој бил мотивиран.
– Тоа што најмногу им смета на младите и се иселуваат од државата, отвораме вести погледнуваме вести. Првата вест вели 59% пораснала просечната плата во Македонија откако се СДС на власт, а вие како млади го читате ова и си викате дека некој кој имал плата до 24.000 денари во 2017 денес треба да има 38.000 денари плата, ги погледнувате вашите родители или средината и се прашувате кој добил толку кога тоа не е така. Понатаму дали може да се преживее месецот. Знаете дека инфлацијата во Македонија беше над 20%, цените остануваат високи, храната порасна за над 30%, гледаме дека во опкружување немаме покачување на плати како што се фали владата. И доаѓаме до заклучок дека од владата лажат, рече Димитриеска Кочоска.
Таа посочи дека додека во исто време се фалат со толку голема плата, ако погледнете огласи и кога се аплицира за работно место платата е еднаква на минималната.
– Сите знаат дека 85% од луѓето кои плаќаат придонеси имаат плата под просечната и си викате на кому се продаваат приказни дека убаво се живее, рече Димитриеска Кочоска.
Таа посочи и дека уште една работа што ги фрустрира младите е како се делат парите од Фонд за иновации, се е поврзано со корупција и криминал.
– Младите не сакаат да ги гледаат овие неправди. Околу рудникот Иловица се сеќавате дека истиве луѓе протестираа и кажуваат дека три министерки не приметиле какви документи им се даваат. Кога ќе се прочита збор рудник треба косата да им се крене да се тргне точката и да се анализира. Младите си викаат зошто да седат во вакво општество каде и неписмените продаваат приказни дека се писмени, рече Димитриеска Кочоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони кај Стража поради снег
Од 17:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно.
Од АМСМ информираат дека забраната е поради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот.
Македонија
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академија за судии и јавни обвинители
Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и зајакнување на професионалните капацитети во областа на уставното право и правосудниот систем.
Со Меморандумот се предвидува организирање на заеднички обуки, семинари, конференции и други стручни настани, како и размена на експерти и едукативни материјали. Посебен акцент ќе биде ставен на унапредување на знаењата на идните судии и јавни обвинители во областа на уставно-судската практика и заштитата на човековите права и слободи.
„Откако сум претседател на Уставниот суд ова е трет Меморандум за соработка којшто го потпишуваме со институции на државата. Првиот беше со Правниот факултет, вториот со Здружението на правници. Очекувам најдинамична соработка со Академијата. Уставниот суд изминатите две години се соочи со природен одлив на промена на генерации. Стручната служба е р’бетот на Уставниот суд. Новата стручна служба има потреба од дополнителни знаења за да го достигне квалитетот што овој суд го имаше до пред две години. Токму во оваа насока го гледаме начинот на соработка, да нашите вработени од службата посетуваат предавања за доусовршување на Академијата. Но, идните кандидати за судии или обвинители може да имаат бенефит од знаењето и искуството кое уставните судии може да го пренесат, особено во примената на меѓународните права’, изјави претседателот Костадиновски.
Директорката на Академија за судии и јавни обвинители, Стрезовски, истакна:
„Денешното потпишување на Меморандумот претставува значаен чекор, поврзаноста на институциите подразбира партнерство, пред се’ во функција на владеење на правото. Можност на советниците на Уставниот суд да доаѓаат во Академијата а уставните судии да вршат обуки и предавања. За Академијата ќе претставува унапредување на наставните програми и обуки за примена на највисоките стандарди, изјави директорката Стрезовски.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 11 степени
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег.
Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

