Македонија
Димитров во Брисел: Има несовршености, но нашата земја е зрела за промени и напредок
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во Брисел, во рамките на работната посета, имаше средба со амбасадорите на земјите членки при Европската Унија (КОРЕПЕР), во организација на финското претседавање со ЕУ.
Како што информираат од Министерството, Димитров во своето излагање потсетил на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период како на домашен план така и на планот на унапредување на добрососедските односи.
Притоа тој апелирал земјите членки да донесат одлука за почеток на пристапните преговори во октомври, врз основа на конкретните резултати и постигнувања.
По неговото обраќање, во конструктивна дискусија со присутните амбасадори, Димитров укажал дека и покрај одредени предизвици и несовршености, земјата покажала зрелост, одговорност и силна политичка волја за реални промени и напредок.
По состанокот со амбасадорите, Димитров имал излагање на настан со наслов „Од Преспа до Брисел: Патот на Северна Македонија кон европската и евро-атлантската интеграција“, на кој ја истакнал потребата од давање зелено светло од страна на ЕУ-членките за продолжување на евроинтегративниот пат потенцирајќи дека таквата одлука би била вистински сигнал за прогресивните и проевропски сили во земјата, но и во целиот регион.
За време на двата дена работен престој во Брисел, министерот за надворешни работи реализира и средби со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и со шефот на кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Пјотр Серафин, како и повеќе разговори со претставници на дипломатскиот кор.
Веднаш по комплетирање на работната посета на Брисел, Димитров ја продолжува европската турнеја со работна посета на Берлин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

