Македонија
Димитров: Во некои реформи сме подобри и од земји кои веќе се во преговарачки процес
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска беше говорник на онлајн конференцијата посветена на актуелните прашања во процесот на европска интеграција на регионот, организирана од реномираниот Институт Европа при Универзитетот во Саарбрикен, Германија.
Димитров во своето обраќање пред европската академска заедница истакна дека патот на Северна Македонија кон ЕУ е особено специфичен и драстичен од аспект на времето, но и наметнатите предизвици, што го доведуваат во прашање влијанието на ЕУ кон регионот.
Вицепремиерот дополни дека Северна Македонија има постигнато значаен напредок во процесот на европеизација како клучен процес за пренесување на европските стандарди:
„Изгубивме многу време и енергија во претходните две децении поради спорот за името што го надминавме со Договорот од Преспа, инаку истакнат како триумф на дипломатијата од целиот демократски свет. Сите очекувавме дека овој успех конечно ќе ни овозможи да се фокусираме на реформскиот процес, така што нашите млади генерации ќе останат дома. Со оглед на моменталната состојба, сметам дека треба да се фокусираме токму на овој процес наместо на разочарувањето од еден до друг состанок на Советот на ЕУ. Пристапниот процес е најсилната алатка за трансформација на општеството и заеднички предизвик е овој процес да биде подинамичен и да испорача вистински резултати, бидејќи отпочнувањето на преговорите самото по себе не е гаранција дека земјата преку ноќ ќе стане европска. Северна Македонија има подобра подготвеност во првиот кластер ‘Темели’ споредено дури и со земјите кои се во преговарачки процес и нашата енергија треба да ја насочиме токму во оваа насока“, истакна Димитров.
На конференцијата учествуваа високи претставници од регионот, вклучително и заменик-министерката за правда на Албанија, при што заедно со истакнатите членови на академската заедница во Германија, беше реафирмирана важноста на европската интеграција на регионот за што клучен момент е отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

