Македонија
Димитров: Во ова клучно време за интеграција во ЕУ, важна е поддршката од нашите билатерални партнери
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Сибил Зутер Техада.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу Република Северна Македонија и Швајцарија, кои низ годините се карактеризираат со искрено пријателство и разбирање.
Вицепремиерот Димитров истакна дека високо ја цени континуираната поддршка што Швајцарија ја дава во процесот на нашите европските интеграции, при што изрази задоволство што голем дел од проектите финансирани досега од страна на Швајцарија ги поддржуваат приоритетите на Владата во процесот на пристапување во ЕУ.
„Во ова клучно време во процесот на интеграција во ЕУ, од исклучителна важност е поддршката од нашите билатерални партнери. Врвен приоритет на Владата и на нашите билатерлни партнери во периодот кој следи останува остварувањето на реформските приоритети. Очекувам билатерлната развојна соработка помеѓу двете земји да се движи во иста насока, имајќи ја предвид тесната корелација на двата процеси”- потенцираше Димитров. Во овој контекст тој изрази надеж дека ќе се интензивира соработката помеѓу амбасадата на Швајцарија и Секретаријатот за европски прашања, како институција задолжена за координација на странската помош во земјава во наредниот период.
Амбасадорката Техада додаде дека програма за развој на Швајцарија во наредниот периодот ќе претставува континуитет на досегашната и ќе се фокусира на поддршка на реформите за исполнување на европските стандарди во земјата, градењето на социјално-инклузивна демократија, како и пазарна економија, истовремено обезбедувајќи одржливо управување со природните ресурси и истата е во корелација со националните развојни политики и стратегии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

