Македонија
Димитров во посета на Франција

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Стразбур, Франција.
Во рамки на посетата на Европскиот парламент, Димитров ќе оствари средби со шефови на пратеничките групи во Парламентот, меѓу кои се претседателот на АЛДЕ – Ханс ван Бален, претседавачот со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) – Дејвид Мекалистер, кој доаѓа од Европската народна партија, како и со неговиот сопартиец Андреј Ковачев.
Од Министерството соопштија дека во фокус на разговорите ќе бидат натамошните фази од евроинтегративниот процес на Република Македонија, по заклучоците на Европскиот совет минатата недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.