Македонија
Димитров во Хаг: Холандска поддршка за членството во НАТО

Вториот ден од работната посета на Хаг министерот Димитров го заокружи со средба со Стеф Блок, министер за надворешни работи на Холандија. Министерот Блок го поздрави периодот на стабилност во земјава, нагласувајќи ја потребата од континуиран напредок. Димитров ги образложи чекорите преземени од страна на Владата на внатрешен и надворешен план, како и нивната заемна поврзаност. Министерот Димитров нагласи дека ЕУ-интеграцијата е најдобрата трансформациска алатка во поддршка на реформскиот процес.
„Целосно го прифаќаме холандскиот ‘строг и фер’ пристап кон ЕУ интеграцискиот процес. Тоа е формула која на Република Македонија и’ е потребна поради трансформација на државата во стабилна европска демократија”, изјави тој.
Димитров имаше обраќање и пред членовите на Комисијата за европски прашања во Парламентот на Холандија. Пред холандските пратеници Димитров нагласи дека намерата не е да се одбегнуваат проблеми, туку истите да се решаваат. „Во однос на ЕУ-интеграцијата, поважни од прашањето „Кога?”се прашањата „Како?” и „Што?” во остварување реформски напредок”, рече министерот.
Генералниот секретар во Министерството за одбрана, Вим Хертс, на средбата со МНР Димитров упати пораки на поддршка за НАТО-членството на Република Македонија. Министерот се сретна и со Мартијн Лукасен, советникот за ЕУ прашања на премиерот на Холандија, како и со Матијс ван дер Плас, генерален директор за европска соработка во холандското МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) ДИК: На две избирачки места гласањето се одвива без користиње на уредот за биометриска идентификација

Во Куманово едно избирачко место, број 1133, каде се запишани 12 гласачи, поради објективни околности, односно немање струја во тоа избирачко место, се гласа без уредот за биометриска идентификација, известија од ДИК.
„Согласно Изборниот законик, ДИК донесе одлука гласањето на ова избирачко место да продолжи непречено без користиње на уредот за биометриска идентификација. Не сакавме да се губи времето, затоа одлучивме на ова избирачко место гласањето да продолжи со користење на УВ спреј и УВ ламба“, изјави Борис Кондарко, претседател на ДИК.
Иста ваква одлука е донесена за едно избирачко место во Штип, број 2271 каде што има запишано 507 гласачи.
„На ова избирачко место поради технички причини, ИТ лицата ангажирани од ДИК направија обид со два резервни уреди и две смарт картички, но не можеше да се стартува тој уред за биометриска идентификација. За непречено одвивање на гласањето, донесовме одлука и во ова избирачко место гласањњто да продолжи со УВ спреј и УВ ламба за идентификација на гласачите“, додаде Кондарко.
Македонија
(Видео) Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки на едни фер и демократски избори да си ги изберат своите градоначалници и советнички листи, кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој извести дека само во едно место, село во општина Прилеп, гласањето започнало подоцна.
Министерот очекува мирна, демократска и фер изборна атмосфера.
„Ги повикувам сите граѓани да го остварат своето право на глас, да ги дефинираат чекорите во иднина, да можеме да искреираме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани“, кажа Тошковски.
Тој додаде дека се активирани над 90 отсто од силите со кои располага МВР и се фокусирани на спроведување на мирен изборен процес.
„Ги преземаме сите дејствија коишто треба да се преземат. На терен сме, ги контролираме оние жешки точки. Сега за сега нема никакви проблеми. Имаме констатирано четири настани кадешто има потенцијално нарушување на изборниот молк во текот на вчерашниот ден. Се постапува и се истражува. По утврдувањето на целосната фактичка состојба ќе биде известена јавноста“, извести Тошковски.
Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.