Македонија
Димитров: Да не се дозволи да бидеме колатерална штета поради прашање што не е во наши раце
На покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, и министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, вчера и денес во Хелсинки учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство во ЕУ.
Дискусиите на состанокот беа фокусирани на регионалната соработка за прашања од заемен интерес на Европската Унија и земјите од Западен Балкан.

„Во поглед на нашите европски очекувања во октомври, покрај одредени предизвици и несовршености, она што го постигнавме изминативе две години несомнено заслужува и дефинитивна валидација од нашите европски пријатели. Притоа би сакал уште еднаш да потенцирам дека нашата европска приказна е почната одамна и верувам ќе се согласите дека е дојден мигот за следниот чекор кон продлабочен европски пат, кој води кон комплетирање на Европа. И тука сите ние го немаме луксузот да се дозволи да бидеме колатерална штета на какво било друго прашање што не е во наши раце“, рече Димитров.
По состанокот беше одржан и работен ручек на кој министрите разговараа на теми посветени на унапредување и заштита на бранителите на човековите права и предизвиците со кои тие се соочуваат ширум светот.
На маргините на неформалниот состанок Гимних, Димитров имаше прва средба со својот грчки колега, Никос Дендиас, на која во фокусот на разговорите беше имплементацијата на преспанскиот договор.

Министерот Димитров оствари средби и куси разговори и со министрите: на Словачка, Мирослав Лајчак, на Франција, Жан-Ив Ле Дриан, на Ирска, Симон Ковени, на Романија, Рамона Манеску, на Бугарија, Екатерина Захариева, на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, на Луксембург Жан Аселборн, на Австрија, Александер Шаленберг, на Чешка, Томаш Петричек, како и со финскиот домаќин, Пека Хависто.
Главен акцент во разговорите од страна на министерот Димитров беше ставен на обезбедување поддршка за донесување позитивна одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија од страна на Советот на ЕУ во октомври.
Продуктивното учество на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство во ЕУ беше заокружено со воспоставување дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Кипар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

