Македонија
Димитров на он-лајн панел со германскиот министер Рот и албанскиот колега Цакај
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, заедно со германскиот државен министер за Европа Михаел Рот и албанскиот колега Гент Цакај, учествуваа на он-лајн панел насловен: „Што значи почетокот на пристапните преговори за Албанија и Северна Македонија?“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.
Говорниците се осврнаа на значењето на мартовските одлуки за почеток на ЕУ пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, актуелниот домашен контекст во двете земји, како и на ниво на ЕУ во однос и на справувањето со последиците од пандемијата, а воедно стана збор и за очекувањата и следните чекори кои би можеле да се реализираат за време на германското претседателство со Советот на ЕУ.
Меѓу другото Димитров истакна: „Иако можеби долгоочекуваното зелено светло за почеток на пристапни преговори сите посакувавме да го одбележиме на начин на кој му прилега, можеби токму што се случи за време на кризата со пандемијата, додава на симболиката за тоа каде бевме и колкави планини изодевме, за да добиеме заслужена шанса да отпочнеме еден процес во кој ќе покажеме дека нашето место е во Европската Унија. И покрај сите неизвесности наметнати од пандемијата, ова недвосмислено признание дадено за време на хрватското ЕУ претседателство, решени сме да го ефектуираме понатаму со помош на нашите германски пријатели за време на нивното претседателство со Советот на ЕУ“.
Државниот министер Рот ја акцентираше германската и личната поддршка и ентузијазам за успешна евро-интеграција на регионот Западен Балкан, прашање на кое германското ЕУ претседателство во втората половина од годинава решително ќе се посвети, и покрај горливите прашања поврзани со справување со социо-економските последици од пандемијата и претстојниот ЕУ буџет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во Брисел на средба со Калас и Руте: можност за размена на ставови за имплементацијата на одлуките од Самитот на НАТО во Хаг
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до среда престојува во работна посета на Брисел. Посетата вклучува средби посветени на евроинтегративниот процес на државата, како и учество на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.
Во рамки на посетата, Муцунски, заедно со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе оствари средба со Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Средбата се одржува во контекст на континуираната посветеност на земјата кон европскиот интегративен процес и заедничката заложба за унапредување на партнерството со Унијата, особено во областите на безбедноста и одбраната.
На покана на Генералниот секретар на НАТО, Руте, министерот Муцунски во среда ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој ќе се одржи на 3 декември 2025 година во седиштето на Алијансата во Брисел.
Министерскиот состанок ќе биде можност за размена на ставови за имплементацијата на одлуките од Самитот на НАТО во Хаг, со фокус на иднината на Алијансата, јакнењето на индивидуалните и колективните способности, како и обезбедувањето ефективна одбрана и безбедност. Очекувана тема ќе биде и продолжената поддршка за Украина, како и заедничките одговори на актуелните безбедносни предизвици, вклучително и дестабилизирачките активности на малигни актери и стратешки конкуренти кои се закана за постоечката безбедносна архитектура и меѓународниот поредок.
За време на престојот во Брисел, предвидено е министерот Муцунски да оствари и низа билатерални средби.
Македонија
ДПМНЕ да ги гледа своите редови, со новите бомби ќе има што да се чисти, порачуваат од СДСМ
Криминалната ВМРО–ДПМНЕ нека погледне најпрво во своите редови, таму има многу за чистење од криминалци, особено по новите бомби кои допрва ќе бидат објавувани, порачуваат од СДСМ.
„СДСМ еднаш веќе помогна да се исчиститат криминалците од режимското време во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е подготвена повторно да направи такво чистење.
Главниот криминалец кој украде над 2 милијарди евра, Никола Груевски, побегна во Унгарија а уште десетици други функционери на ДПМНЕ завршија на суд за криминал, корупција, прислушување и бројни злоупотреби.
Такви се нивните „редови“ и денеска. Истите шеми за испумпување на пари од граѓаните, истите местења тендери на фирми блиски до власта“.
Скандалот со една фирма со двајца вработени, која за 6 месеци добила тендери тешки речиси 9 милиони евра е потврда, како што истакнуваат од оваа партија за тоа што го говорат.
СДСМ, порачуваат од таму, ќе продолжи да ја разобличува секоја „коруптивна шема на оваа власт и да ја брани државата од новите бандити“.
Според нив, работата сè уште не е завршена.
Македонија
Во наредните денови претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.

