Македонија
Димитров: Немаме луксуз да испуштаме можности, треба да излеземе победници на 15 октомври
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на панел-дискусија во Скопје насловена „Западен Балкан: Напуштање на ривалството и несигурноста“, која се одржуваше во рамките на конференцијата Самит на Западен Балкан – „Зацврстување на моментумот за европска интеграција”, а во организација на магазинот „Економист“. На панелот, покрај Димитров, учествуваа и други високи претставници од регионот, НАТО и ЕУ, како и амбасадори и други претставници од дипломатскиот кор и академската заедница.
Министерот Никола Димитров во своето обраќање ја искористи приликата да аргументира за неопходноста од носење позитивна одлука за почеток на пристапни преговори за членство на земјава во Европската Унија во наредните седмици на Советот на ЕУ, како и да го афирмира нашето членство во северноатлантската организација – што треба и формално да се материјализира во наредните месеци, по комплетирањето на техничките процедури во земјите членки.

„Пораката што ќе ни биде пратена нам е и порака до регионот, доколку ЕУ е сериозна и стои позади тоа што го кажува, со политичка волја да го направи тоа што всушност го кажува. Влогот е исто така висок и за ЕУ затоа што доколку не постои кредибилитет на овој процес, тогаш немаат влијание. Немаме луксуз да испуштаме можности и ако ова го направиме како што треба, ќе излеземе победници и ние, и регионот, и нашите соседи и Европската Унија на 15 октомври“, изјави Димитров.
Тој изрази задоволство што влијателниот„ Економист“ одлучи да организира конференција на високо ниво во земјава, токму во пресрет на одлуката на Советот на ЕУ, како и во период кога политиката на проширување на НАТО, преку членството на нашата држава во алијансата, испорачува опиплив придонес во контекст на градење стабилен и безбеден регион: „Мислам дека не можеше конференцијата да се одржи во подобро време, би сакал да му се заблагодарам на тимот во Атина што работи за ‘Економист’ за организирање на овој настан денес, точно 14 дена пред нашето ‘рандеву’ со историјата во Луксембург. Со мислите ќе бидеме таму во иста просторија каде што ќе се одвиваат дискусиите“.
На трибината посветена на политичко-безбедносната соработка во регионот на Западен Балкан, Димитров истакна дека перспективите за европска и евро-атлантска интеграција претставуваат главна поткрепа за негување на заедничка стратешка визија во регионот и за култивирање на заедничките стратешки цели, како и мотив за градење безбедна регионална околина преку инклузивен пристап. Дополни дека природата и димензијата на предизвиците со кои се соочуваме денес ја надминуваат националната сфера и наметнуваат потреба од зголемена транснационална соработка.
„Во НАТО главно станува збор за стабилноста и безбедноста, но мислам дека силата на една земја не лежи само во тоа колку е силна нејзината војска, туку и во тоа колку е моќна и просперитетна нејзината економија, колку пријатели имаме и колку од тие пријатели се доволно блиски за да бидат со нас кога ни се потребни. Силата лежи и во тоа колку се цврсти нашите институции и тука настапува европскиот процес. Некои од вредностите меѓу двете институции се преклопуваат и кога му се обраќаме на народот, на граѓаните им велиме дека НАТО е структурната потпора на нашата куќа и покривот над нашите глави, а пристапниот процес во ЕУ е алатка, ‘шема’ за тоа што треба да го направиме за да реновираме дома. Да се исчисти куќата и да се реновира. И ова е процес што се надеваме дека ќе можеме да го забрзаме на 15 октомври“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

