Македонија
Димитров: Ни претстои уште една важна година како регион
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со новиот генерален секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу. На средбата министерот изнесе задоволство од визијата и планот за понатамошни активности, како во однос на нејзините приоритети и идните активности на регионален план, така и во насока на заеднички напредок на регионот.
„Ни претстои уште една важна година како регион. Силно сме посветени на заедничката работа која ќе даде регионални придобивки. Подготвени сме да бидеме дел од напредокот секогаш кога напредок е можен“, изјави Димитров.
Тој додаде дека придобивките за граѓаните од Самитот на Берлинскиот процес во Познан (јули 2019) се отсликуваат во сферата на дигитализацијата, мобилноста на младите и подобрување на инвестициските услови. Заложбата на секоја од земјите од регионот во исполнување на обврските ќе се рефлектира на квалитетот на животот на граѓаните, а тоа е основната цел на сите напори.
Покрај упатените честитки на Брегу за нејзината нова функција и успех во нејзините напори за зајакнување на регионалната соработка и поддршка во активностите на патот кон Европската Унија, средбата беше искористена и за претставување на нејзините идни активности.
Во разговорот позитивно беа оценети активностите и придобивките од соработката во рамките на Советот за регионална соработка, како и развојот на соработката во рамките и на други регионални и мултилатерални организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

