Македонија
Димитров: По десет препораки за преговори, редно е ЕУ да донесе позитивна одлука

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на вториот ден од Бледскиот стратешки форум учествуваше на панел-дискусија на која порача дека Брисел своите заложби од зборови треба да ги преточи во дела и дека по десет препораки за преговори, ЕУ треба конечно да донесе позитивна одлука за земјава.
На панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, демократизација, споделена одговорност”, македонскиот министер се осврна на нужноста од забрзана европска интеграција на Северна Македонија и регионот.
Димитров истакна дека оваа шанса не смее да се пропушти и дека е вистинско време за критичен исчекор. Алудираше дека времето истекува и во овој контекст сугерираше дека покрај зборови, неминовни се и дела.
„По десет, повторувам десет препораки на Европската комисија дека сме подготвени да почнеме преговори за членство, со решение на нерешливото прашање поради кое изгубивме цела генерација, постигнувајќи европски компромис, ЕУ треба конечно да донесе позитивна одлука“, порача тој.
Министерот денеска имаше и билатерална средба со Жан Кристоф Белијар, заменик-генерален секретар за политички прашања во ЕЕАС, а оствари средба и со генералниот директор за политички прашања во британскиот Форин Офис, Ричард Мур.
За време на Форумот, Димитров имаше куси разговори и со шпанскиот колега, Жосеп Борел, номиниран за функцијата Висок претстсавник на ЕУ за надворешена политика и безбедност, со премиерот на Словенија, Марјан Шарец и со шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гасење на шумските пожари во Македонија

Повеќе од 60 пожарникари од Словенија со 18 возила утрово пристигнаа преку граничниот премин „Табановце“.
Тие се приклучија на македонските и чешките тимови во борбата против шумските пожари кои беснеат низ земјава.
Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на тој дел не се интервенира, соопшти утрово ЦУК.
Македонија
Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјава

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на тој дел не се интервенира, соопшти ЦУК.
Под контрола се пожари во општините Македонски Брод, Штип, Карбинци и Македонска Каменица, каде е зафатена претежно мешана или нискостеблеста шума, како и деградирани површини со ниска вегетација.
Пожарникарските екипи и понатаму се ангажирани на терен, а властите апелираат на внимателност и одговорно однесување, особено во подрачја каде постои зголемен ризик од нови пожари.
Македонија
Управител и фирма обвинети за неправилности во производството на медицински канабис

Полицијата поднесе кривична пријава против управителот Д.К.(30) од Скопје и фирмата.
Пријавениот, како одговорно лице, по добивање на решението лани за одгледување на канабис за медицински цели, постапил спротино на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Од МВР велат дека тој не се придржувал кон елаборатот за производство на канабис за медицински цели, што било констатирано при извршена контрола од страна на полициски службеници од МВР во содејство со Комисијата за оценување на исполнетоста на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис.
Притоа биле одземени 1.260 грама марихуана, како и исушено искршено стебло и поголем број на исушени и скршени гранчиња од растението канабис.