Македонија
Димитров: Се бројат само гласовите на оние кои гласаат, пратениците да ја послушаат народната волја
Мнозинската волја на народот е јасно изразена. Можат да се бројат само гласовите на оние кои гласаат, порача преку неговиот профил на „Фејсбук“, министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
„Ако од над 650.000 граѓани, над 600.000 гласале „за“ тоа е очигледен политички мандат Македонија да оди напред. Поголем од било која претходна победа на било која политичка партија. Дури и да имаше 1 милион излезени гласачи (далеку над цензусот) пак мнозинската волја на народот е јасно изразена. Можат да се бројат само гласовите на оние кои гласаат. Сега останува да се послуша таа народна волја од страна на пратениците во Собранието, согласно програмата на опозицијата каде впрочем се зборува за мнозинство гласови од тие кои гласале. Им должиме на граѓаните иднина! И ќе ја обезбедиме, вака или така!“, порачува министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

