Македонија
Димитров се сретна со високи претставници од Фондацијата „Конрад Аденауер“
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска се сретна со делегација на високи претставници од Фондацијата „Конрад Аденауер“, која престојува во Скопје во периодот од 28 до 31 мај, како организатор на Регионалната конференција за Југоисточна Европа/Западен Балкан „Balkan Calling Europe”.
Дискусиите на средбата беа фокусирани на интеграцијата на Западен Балкан во Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ и учеството на Македонија во оваа област.
Министерот Димитров ја истакна важноста на интеграцијата и придонесот на Балканот во ЗНБП на ЕУ, како клучно прашање во заедничката борба против денешните безбедносни закани и поддршката на позициите на Унијата во нејзината надворешна политика. Исто така, ги информира присутните за активното учество на Македонија во оваа област, пред се со придружувањето на нашата земја кон декларациите на ЕУ во однос на различни меѓународни прашања, како и со учеството во мисиите предводени од ЕУ во рамките на нејзината Заедничка безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП).
„Кон декларациите и ставовите на ЕУ не се придружуваме само затоа што имаме европски аспирации. Пред сè, тоа го правиме затоа што веруваме во европските вредности, во мултилатерализмот и во меѓународниот правен поредок и цивилизациските достигнувања. Во време кога меѓународниот систем се соочува со предизвици, наша должност е да имаме јасен став“, рече Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

