Македонија
Димитров: Словачка обезбедува континуирана поддршка преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ
Процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, спроведувањето на европските реформи во земјата и билатералната соработка беа темите на кои денеска се осврнаа заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш.
Соговорниците разговараа за поддршката што Северна Македонија ја добива преку „Словачка помош“ (Slovakia Aid) во работата на Националната конвенција за Европската Унија како демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашањата поврзани со пристапните преговори за членство во Европската Унија.
„Во оваа фаза од нашиот пат кон ЕУ поддршката од нашите билатерални партнери е повеќе од добредојдена. Република Словачка претставува одличен пример за патот што Северна Македонија треба да го изоди во усвојувањето, прифаќањето и реализацијата на стратешките цели за членство во Европската Унија и апсорпцијата на европските фондови во тој процес“, рече Димитров.
Вицепремиерот за време на средбата се заблагодари за поддршката што Словачка континуирано ја обезбедува за Северна Македонија преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ – за време на поплавите во 2017 година, во текот на мигрантската криза, како и неодамна најавената помош за справување со здравствените последици од Ковид-19.
Поздравувајќи ги успесите што Северна Македонија ги постигна во изминатите три години, амбасадорот Маркуш истакна дека регионот и Европската Унија во овој момент имаат потреба од успешни приказни, а Северна Македонија има потенцијал да прерасне во пример за успешна трансформација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

