Македонија
Димитров: Унијата не може да нѐ користи за одвраќање на бегалците, не сме дел од ЕУ

Балканските земји што не се дел од ЕУ не може да се искористат за да се одвратат мигрантите, изјави министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, во интервју за водечкиот германски дневен весник „Ди Велт“.
„Засега имаме два транзитни центра. Информациите за создавање дополнителни центри во нашиот регион се шпекулации. Ние никогаш не сме добиле формално барање. Не можете да побарате од балканските земји да сносат таков товар ако не се дел од ЕУ. Мислам дека ќе бидеме многу цврсти по ова прашање Ние ќе ја покажеме нашата целосна солидарност, но тогаш кога ќе станеме дел од ЕУ. Унијата не може да го користи Балканот за одвраќање на бегалците. Како што кажавме, ние сме транзитна земја. Оние што ќе пристигнат кај нас потоа продолжуваат кон земјите членки на ЕУ“, рече Димитров.
Коментирајќи ја улогата на европските земји во затворањето на т.н. балканска рута, Димитров потврди дека во моментот ситуацијата со мигрантите на Балканот е поинаква.
„Да, нивниот број опаѓа. Имаме два транзитни центра – едниот на север и другиот на југ. Секојдневно добивам извештаи. Бројот на мигрантите значително се намали“, изјави Димитров.
По повод плановите на Берлин за склучување билатерални договори за враќање на мигрантите, министерот повтори дека Македонија е транзитна земја и малкумина би побарале азил во нејзините граници.
E.T.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектот на винарија Брзанов, објектите лоцирани околу винаријата, корисниците лоцирани на влезот во село Трубарево и сточниот пазар во Трубарево. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Партизанска – крак 10. (општина Карпош)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со температура до 32 степена

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.
Во Скопје, наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник и среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.