Македонија
Димковски: Соработуваме со локалната самоуправа за спречување на африканската свинска чума

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски на состанок со штипскот градоначалник Благој Бочварски, разговараше за превентивните мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума.
Од ресорното министерство констатираат дека општина Штип е активно вклучена во спроведување на мерките за превенција и справување со африканската свинска чума, конкретно во делот на движењето на домашните свињи надвор од фармите и контролите што се спроведуваат на депонијата.
Димковски во рамките на средбата ги посочи превентивните мерки кои се преземаат за спречување на ширењето на оваа болест во околината на Штип.
„Би сакал да нагласам дека сите превентивни мерки што ги преземаме се за намалување на ризикот од африканска свинска чума, со градоначалникот Бочварски и со ветеринарната станица тука во Штип. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе ја подготви програмата со која од 1 семптември до 15 октомври сточарите кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки ќе добијат парична сума од 3 илјади денари по глава“, изјави министерот.
Штипскиот градоначалник, пак, посочи дека се спроведуваат интензивни контроли за движење на домашните свињи надвор од фармите, на дивите одгледувалишта како и на депонијата.
„Општина Штип е во комуникација со Владата, постапуваме соодветно преку нашите служби и работиме на се што установивме како проблем на нашата депонија и на диви одгледувалишта на свињи. Општина Штип аплицираше, како и другите општини, за оваа депонија да биде современа со што ќе се сведат на минимум можностите за појава на болеста африканска свинска чума“, изјави Бочварски.
Димковски и Бочварски ја посетија и ветеринарната станица во Штип, каде што се разговараше за вклученоста на ветеринарните доктори во спроведување на превентивните мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Божиновска на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес: во фокусот унапредувањето на акцискиот план за заеднички Регионален Пазар

Берлинскиот процес претставува значајна платформа за соработка меѓу земјите од Западниот Балкан и европските партнери, со цел унапредување на регионалната интеграција, економски раст, подобрување на инфраструктурната конективност, како и приближување кон стандарди на Европската Унија, се истакнува во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Еден од централниот фокус на состанокот, како што е соопштено, е спроведувањето и унапредувањето на Акцискиот план за Заеднички Регионален Пазар (Common Regional Market 2025-2028), кој е клучен инструмент за остварување на слободен проток на стоки, услуги, капитал и работна сила во регионот, како и за поттикнување на конкурентноста и економската конвергенција со ЕУ.
„Други важни теми на состанокот се:
• Поттикнување на инвестициите, особено во зелени и дигитални сектори;
• Јакнење на регионалната инфраструктура и поврзаноста помеѓу земјите (транспорт, енергетика, дигитална конективност);
• Поддршка за реформски процеси, приближување кон ЕУ-регулативите и стандардите, со што се овозможува појасен и поодржлив пат кон евроинтеграцијата.
Министерката Божиновска, од името на Република Македонија, ја потврдува нашата посветеност за активен ангажман во сите механизми на Берлинскиот процес, како и во рамките на Заедничкиот Регионален Пазар. Нашата цел е да обезбедиме дека националните интереси и приоритети се инкорпорирани, дека реформите се спроведуваат по план, и дека придобивките од регионалната интеграција се почувствуваат од сите граѓани“.
Овој состанок е нагласено во информацијата, претставува можност за размена на искуства, зајакнување на партнерствата, како и координација со меѓународни финансиски институции и други партнери кои можат да дадат поддршка за проекти што носат конкретни резултати.
Македонија
Не само технолошка трансформација, туку суштинска инвестиција во луѓето, јавната администрација мора да се движи во чекор со времето, порача Рисова Мутлулар

Шефот на Кабинетот на Министерот за јавна администрација, Маја Рисова Мутлулар, и раководителот на Секторот за обуки, Агрон Меџити, учествуваат на состанокот на Директори на институти и школи за јавна администрација (DISPA), што се одржува во Будва, Црна Гора.
Под мотото „Иднината на јавната администрација: Лидерство во криза и постигнување резултати“, настанот има за цел да обезбеди платформа за размена на добри практики, стратегии и иновативни пристапи за градење капацитети кај јавните службеници, особено во време на предизвици и неизвесности.
Настанот е организиран од ReSPA – Регионалното училиште за јавна администрација, во соработка со Европската школа за администрација и поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Црна Гора.
Во текот на интензивната програма, учесниците дискутираа за дизајнирање на иновативни и флексибилни системи за обука, користење на податоци за управување со човечки ресурси, значењето на коучингот за развој на лидерски капацитети и придобивките од меѓународни и извршни програми за размена.
Во рамки на дискусиите, Рисова Мутлулар истакна: „Јавната администрација мора да се движи во чекор со времето, тоа значи не само технолошка трансформација, туку и суштинска инвестиција во луѓето. Само преку континуирана обука, поддршка и создавање простор за иновации, можеме да создадеме администрација што ќе одговара на потребите на граѓаните.”
Настанот обедини претставници од ЕУ и земјите од регионот, со цел споделување искуства, градење партнерства и идентификување заеднички приоритети за подобрување на јавните услуги.
Министерството за јавна администрација останува посветено на креирање ефикасна, транспарентна и професионална јавна служба, преку регионална соработка, модернизација на системите за обука и развој на човечките ресурси, велат од таму.
Македонија
МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.
„На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од МВР.
На местото извршиле увид претставници на Завод и музеј – Охрид, заедно со полициски екипи. По целосното расчистување на случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“, согласно член 264 од Кривичниот законик.