Македонија
Димовски-Брахос: Северна Македонија и Грција ќе ја одржат првата пленарна седница на групата на експерти во јуни

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Виктор Димовски, и генералниот секретар за меѓународни економски односи во Министерството за надворешни работи на Грција, Јоанис Брахос, денеска во Солун остварија средба.
Во заедничката изјава по средбата, Димовски и Брахос истакнуваат дека иницирајќи ја Меѓународната група на експерти меѓу Република Северна Македонија и Грција за имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци, донеле заклучок и ги поставиле политичките основи за одржување на првата пленарна седница на групата во јуни.
Во тој контекст, се наведува во заедничката изјава, беа потпишани и упатени писма до Заводот за интелектуална сопственост на Европската Унија (ЕУИПО) и Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС) со кои истите беа поканети да номинираат експерти кои ќе ја советуваат Меѓународната група на ад-хок основа.
„Ваквиот цврст чекор, кој е неразделно поврзан со институционализираниот дијалог меѓу деловните заедници на нашите две земји, претставува опиплив доказ за нашата целосна посветеност на преспанскиот договор, како и за нашите продолжени напори во насока на продлабочување на соработката во интерес како на развојот на билатералните односи, така и на регионот во целост“, се додава во изјавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.