Македонија
Димовски во Мароко: Пред три години обезбедивме поддршка за 800 000 мигранти
Делегацијата на Република Македонија, предводена од државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, учествуваше на Меѓувладината конференција за усвојување на Глобалниот компакт за безбедна, уредна и редовна миграција, што вчера и денеска се одржува во Мaракеш, Мароко.
Глобалниот компакт е подготвен под покровителство на Обединетите нации и ги опфаќа сите димензии на меѓународната миграција.
Во своeто обраќање, државниот секретар Димовски, меѓу другото, истакна дека во екот на мигрантската криза во Европа 2015 година, Македонија обезбеди поддршка за повеќе од 800 000 мигранти. Тогаш стана очигледно, како што рече, дека ниту една држава сама не може да се справи со толкав прилив на мигранти и дека е неопходна засилена меѓународна и регионална соработка.
„Република Македонија верува дека глобалниот компакт за миграции, како политички документ, претставува алатка за зајакнување на глобалното управување со миграцијата, ублажување на причините што ја поттикнуваат, а воедно може да послужи и за справување со илегална миграција и трговија со луѓе, организиран криминал и други негативни појави што претставуваат легитимна грижа на афектираните држави“, рече Димовски.
Поздравувајќи го усвојувањето на Глобалниот компакт, државниот секретар Димовски посебно го истакна фактот што документот овозможува секоја држава да ја утврди својата национална миграциона политика и правилата според кои ќе одобрува влез и престој на странски државјани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.

