Македонија
Димовски на состанок на Иницијативата за безбедносна пролиферација во Париз
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, денеска, во Париз учествуваше на високо политичко ниво на Иницијативата за безбедносна пролиферација по повод 15-годишнината од нејзиното формирање.
Целта на оваа Иницијатива е спречување на пролиферацијата на оружје за масовно уништување преку имплементација на практични мерки на пресретнување илегални трансфери на материјали за оружје за масовно уништување, како и системи за нивна испорака.
Во своето обраќање на тема „Меѓународен безбедносен контекст и непролиферација“ државниот секретар истакна дека Македонија стана дел од Иницијативата во 2003 година поради фактот што заканата од пролиферација на оружјето за масовно уништување претставува една од најсериозните закани за меѓународниот мир и безбедност.
Воедно, го нагласи клучното значење на мултилатералната соработка во рамките на Иницијативата за безбедносна пролиферација за надминување на комплексните предизвици со кои се соочува меѓународната заедница.
Државниот секретар информира и за националните напори во оваа сфера преку донесување национална стратегија и акциски план за спречување на пролиферацијата на оружје за масовно уништување и заштита од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

