Македонија
Директорот на АЕК не објавил јавно колку потрошил за репрезентација
На првиот периодичен мониториг-извештај за работата на АЕК и АВМУ (јуни – септември 2018), кој го изработија неколку граѓански организации, беа објавени податоците за транспарентноста и отчетноста на двете регулаторни тела: Агенцијата за електронски комуникации и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На презентацијата беше посочено дека Стратегијата за радиодифузија, иако била најавена како приоритетна активност, сè уште не е изготвена. Собраниската комисија за транспорт не го усвоила заклучокот со кој се предлага да се усвои годишниот извештај за работата на АВМУ за 2017 година. На интернет-страницата на АВМУ се објавени трошоците на директорот, кој потрошил помалку во споредба со претходниот извештај. Мониторингот препорача да продолжи практиката за објавување на известувањата за склучени договори за јавни набавки.
АЕК не ги објавил биографиите на директорот и членовите, а бројот на вработени лица не е ист со бројот на вработени објавен на интернет-страницата на ова регулаторно тело. Сè уште не е воведен бројот 112 за итни случаи и покрај препораките на Европската комисија. Шеста година по ред Европската комисија ја нотира загриженоста за проблематичното трошење средства од буџетот на АЕК за политички цели.
Прераспоределени се пари за изградба на антенскиот столб на АЕК. 70 проценти од граѓаните немаат информации за постапката за поднесување барање за решавање спорови. Директорот на АЕК не ги објавил јавно трошоците за репрезентација на веб-страницата, што беше заложба на Владата за транспарентно работење.
Проектот за мониторинг на двата регулатори го спроведоа Евротинк, Транспарентност Македонија, НВО Инфо-центар и Хелсиншкиот комитет со поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

