Македонија
Дијаспората во Австрија се стекнува со нови пасоши, за само еден месец
Од 20-ти октомври од кога стапи во функција базната станица во Амбасадата на Северна Македонија во Виена, нашата дијаспора во Австрија се стекнува со нови патни исправи по скратена постапка, која не трае повеќе од еден месец.
330 наши државјани се сликаа, а 200 од нив веќе ги добиле новите биометриски пасоши. Според амбасадорот, Ненад Колев со новата постапка за мобилно издавање на пасоши исчезнаа долгите редови на наши државјани кои чекаа пред Амбасадата.
“Дијаспората во Австрија го поздрави поставувањето на базна станица за земање на биометриски податоци на граѓаните за пасош во просториите на амбасадата во Виена и го оцени како вистински потег. Со оваа постапката за добивање нови пасоши, кои и натаму се изработуваат во Скопје, се скрати на само еден месец, од шест месеца во нормални услови, до девет месеца во време на короната. Воедно, речиси и да исчезнаа огромните редици од наши граѓани кои пред конзуларното одделение на Амбасадата чекаа за патни листови!”,истакна Колев.
Скратувањето на постапката за издавање на патни исправи, беше најчестото барање на нашите државјани кои живеат во странство, а кое го изразија на сите досегашни спроведени анкети.
Министерството за надворешни работи секогаш ги зема во предвид барањата на нашата дијаспора и на таа основа ги изготви многубројните тековни проекти, со цел подобрување на услугите кои ги нудат дипломатските и конзуларните претставништва на земјава во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти
„ДПМНЕ не ја прифати подадената рака на СДСМ за заедничко потпишување на Резолуцијата и со една одлука на Собранието граѓаните да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има“, велат од СДСМ.
„По толку јавни повици за заедничка акција, секој ден, добивме молк. На сите им е јасно дека ова е свесна политичка одлука на ДПМНЕ и дел од нивната стратегија.
Доколку немаше задкулисни договори и преземени обврски за кои јавноста дозна од британските медиуми, Резолуцијата одамна ќе беше потпишана.
Сега веќе можеме јавно да констатираме: ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти.
Ние повеќе нема да ги повикуваме. Одбивањето кажува сè за нивното предавство за пари – мигранти во Македонија ќе има.
Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува“, пишува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Сончево време со утринска магла и температури над просекот
Денешниот ден носи претежно сончево и стабилно време во целата земја. Утрото на повеќе места почна со појава на магла и зголемена облачност, особено во котлините, но во текот на денот се очекува разведрување. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се ниски и се движат од минус 4 до 3 степени, додека дневните ќе пораснат и ќе достигнат од 10 до 15 степени.
Во Скопје, делови од котлината утрово се зафатени со магла, но во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко, со мала до умерена облачност. Минималната температура се очекува да се спушти до минус 2, а максималната да достигне околу 11 степени.
Стабилното и сончево време ќе продолжи и во текот на следната седмица. И понатаму, во ноќните и утринските часови, по одделни котлини и речни долини ќе се задржува магла, додека дневните температури ќе останат над просекот за овој период од годината.
Македонија
Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во знак на поддршка за поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), на кои им се суди во Хаг за воени злосторства.
Ахмети порача дека судскиот процес треба да заврши со ослободителна пресуда, оценувајќи дека обвинетите се соочуваат со обвинувања за дела кои, како што рече, не ги сториле.
Тој нагласи дека ОВК не била насочена против ниту еден народ, туку дека се борела за слободата на албанскиот народ.
„Време е нашите синови да се вратат дома. Нашите синови се невини, нашата борба е чиста. Војната на ОВК е света и затоа сите ние, големи и мали, мажи и жени, сме ОВК“, рече Ахмети .
Лидерот на ДУИ оцени дека, по Тирана и Приштина, и Скопје го покажало својот став со поддршката за, како што наведе, слобода и правда за поранешните припадници на ОВК.
Меѓу обвинетите во Хаг се поранешниот косовски премиер Хашим Тачи и поранешниот косовски претседател Јакуп Красниќи.

