Македонија
Доаѓањето на слониците во ЗОО-Скопје е одложено поради топлото време

Двете слоници од Белгија нема да пристигнат овој месец во Зоолошката градина во Скопје. Од таму велат дека поради високите температури, доаѓањето на слониците е одложено на неопределено време.
„Поради екстремно високите температури, доаѓањето на двете слоници е одложено. Топлиот бран кој ја зафати Европа не е погоден за транспорт на Дуња и Даела“, велат од Зоолошката градина. Од таму додаваат дека здравјето на слониците е најважно, а штом се стаблизираат временските услови и се создадат услови, тие ќе пристигнат во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор без доволно докази, прашуваат од ДУИ, по трагедијата во Кочани

Демократската Унија за Интеграција со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот, под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта, инфрормираат од оваа партија.
„Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество.
Во нашата реалност, молкот на институциите зборува погласно од било која одлука.
Вчера беше донесена одлука речиси сите приведени да бидат пуштени, освен Крешник Бекташи, кој и понатаму останува во притвор – личност која одамна е цел на политичка одмазда.
Ова не е веќе индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација“, велат од ДУИ.
ДУИ бара јавно и веднаш Обвинителството да одговори пред граѓаните:
– Дали е вистина дека обвинител се повлекол поради политички водена истрага?
– Ќе дозволи ли Обвинителството да стане инструмент за политичка одмазда кон опозицијата?
– Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор без доволно докази и со нејасна истрага?
„Ова не е правда – ова е политика во судска обвивка.
Не смее да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда и прикривање на одговорноста на владејачките структури.
ДУИ не брани поединци, туку ја брани правдата како принцип, еднаква за сите“, се истакнува во партиското соопштение.
Македонија
Времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до 31.5.2025, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Христо Татарчев 22/4, во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак 22.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.
Наведената улица нема да биде проодна за сообраќај.