Македонија
„Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата, носи нови работни места, развој, напредок и проекти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата и ќе биде додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните и генерално на македонската економија. Договорот со Обединетото Кралство е историски и важен поради најмалку две причини“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Прво, Договорот има стратешко и политичко значење и овој вид на стратешко партнерство и пријателство за Македонија ќе го вратат достоинството на државата и трасираат патот на стабилноста, безбедноста и развојот.
Второ, во економска смисла има рамка која што на располагање ни овозможува околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти.
Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.
Втората група проекти се во здравството, завршување на клиничкиот центар Штип заедно со медицински факултет и студентски дом со 200 легла. Конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.
Договорот подразбира отворање на работни места, развој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи проекти какви што досега немало, инвестиции во железницата преку брзи линии, автопати и патишта.
Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината и здравството.
Договорот носи историски инвестициски циклус со кој Македонија ќе работи, ќе се гради, ќе се развива, ќе напредува“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

