Македонија
Додека скопјани се задушуваат, ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман на СДСМ против загадувањето, вели опозициската партија
„Светската банка предупредува дека секоја година околу 2.800 жители на Македонија умираат како последица на загадениот воздух а најпогоден се граѓаните на Скопје и Тетово“, соопшти СДСМ.
„Додека Скопје овие денови повторно е меѓу најзагадените градови во Европа и скопјани се гушат власта на Мицкоски и ДПМНЕ не преземаат ништо за намалување на загадувањето.
Дополнително, ДПМНЕ во Собранието не прифати ниту еден амандман на СДСМ и ги одби амандманите за обезбедување повеќе средства за борба против загадувањето.
Власта ги одби и амандманите за еколошки проекти во општините, за набавка на нови автобуси, за зелена транзиција, ги одби и амандманите за пречиститителни станици.
Буквлано секој предлог на опозиција за еколошки пректи и почист воздух кои се важни за граѓаните ДПМНЕ ги одби.
Ова покажува дека Мицкоски ДПМНЕ немаат намера ништо да преземат во борбата против загадениот воздух и граѓаните ќе ги остават сами“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

