Македонија
ДОМ: Кои се тие „стручни“ лица што одобриле изградба на зграда во слепа уличка во Пржино?
Од партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) велат дека го поддржуваат досегашниот пристап на градоначалникот на Кисела Вода, кој, според нив, бара начини како да се справи со наследените проблематични состојби во урбанистичкото планирање во општината.
„Го охрабруваме да не потпишува одобрение за изградба на нова зграда во слепата уличка во Пржино, улицата ‘679’, зашто нема ни теоретски услови за обезбедување нормално живеење ни за жителите од соседството, ни за планираните нови жители“, се наведува во соопштението на партијата.

Од ДОМ истакнуваат и дека нивниот став е во согласност со барањата на семејствата од Пржино, кои се засегнати од реализацијата на предвидените содржини.
„Со потписи на ‘стручни’ лица од општината и од Министерството за транспорт и врски, една градежна парцела е поделена на четири и е одобрена зграда и колективно домување, наместо индивидуално. Тоа значи многукратно зголемување на бројот на жители и коли во слепото уличе, во кое нема ни соодветен пристапен пат, ни паркиралиште, ни атмосферска, ни фекална канализација“, велат од партијата.
Додаваат дека е неопходна ревизија на ДУП-от за градска четврт Ј20 Блок 01 во Пржино, бидејќи, како што истакнуваат, нема дилема дека не постојат физички услови за реализација на предвидените содржини.
Од ДОМ воедно јавно прашуваат кој одобрил зграда во слепата уличка во Пржино и кои се тие „стручни“ лица од општината и од Министерството за транспорт и врски, кои потпишале, во овој и во безброј слични случаи, како што велат, нестручни документи и овозможувале профит за некого и за себеси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.
Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој.
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува за прв пат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување на носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики.
Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на самитот.
Централна тема на настанот е „Обликување на влади на иднината“.
Светски самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовира глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето ширум светот.
На годинешното издание на самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и околу 6.000 учесници.
За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)

