Македонија
ДОМ: Општина Центар да одговори зошто е направен „масакар“ врз дрворедот на „Орце Николов“

Од зелената партија ДОМ велат дека со голема загриженост ги следат фотографиите и реакциите на социјалните мрежи за сечата на дрворедот на улицата Орце Николов.
„Јавно поставуваме прашање до општина Центар зошто е направен овој ‘масакар’ врз дрворедот? Зошто се сечат дрва без никаква најава и објаснување? Да не забораваме дека на вака ‘зацементиран’ град каде што се случува урбанистички хаос, секој ваков дрворед е важен за благостостојба на граѓаните и на животната средина“, велат од ДОМ.
Партијата апелира итно да престане сечењето на дрвјата, да се обнови дрворедот и да се обезбедат нови зелени површини во општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Марков: Ваучери од 250 евра за 55 илјади студенти за електронски уреди

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, денеска најави дека 55 илјади студенти ќе добијат ваучери од 250 евра (15.300 денари) за набавка на лаптоп или таблет.
Средствата, во вкупен износ од 850 милиони денари, ќе бидат обезбедени од државниот буџет.
Марков изјави дека целта е да се намали дигиталната нееднаквост и да се инвестира во образованието. Ваучерите ќе бидат наменети за студентите до 29 години, а ќе се користат од следната учебна година. Средствата нема да се враќаат.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека Арсовска мисли дека се занимава со висока политика и им слугува на ДУИ и СДС, половина Скопје нема вода

Додека Данела Арсовска мисли дека се занимава со висока политика и им слугува на ДУИ и СДС, половина Скопје нема вода. Додека Арсовска не може да стане од скутот на ДУИ и СДС, ЈП „Водовод“ праќа соопштенија дека граѓаните треба да пијат помалку вода затоа што е лето и, најверојатно, сите пијат повеќе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Жално е, додаваат од оваа партија, до кое дереџе Данела Арсовска го донесе градот.
„Веруваме дека на Арсовска ѝ е удобно во прегратките на ДУИ и СДС, каде што треба да одработува секакви работи, само не она што ѝ е работа, но доколку 4 години се занимаваше со водоводната мрежа и со нејзино обновување, не само што ќе немаше проблем со притисокот туку немаше да ги има и големите загуби што ги има сега.
Македонија
Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот за организиран криминал е Општината Чаир. Рече дека полициските службеници влегле и во Сарај и Аеродром, а ќе се прегледува работата и во Општина Кисела Вода.
„Сакам да напоменам дека ова се секојдневни активности на МВР. Не е дека јавноста има интерес и се постапува. Ова се тековни активности по кои се постапува секојдневно“, рече Тошковски одговарајќи на новинарско прашање за дивоградбите.
Прашан од новинарите што е следно, дали дивоградбите ќе се рушат, Тошковски изјави дека мора да се постапи во согласност со законот.
„Ако се утвтрди дека се работи за дивоградба и тоа претставува проблем за безбедноста на граѓаните, секако дека треба да биде предмет на уривање“, рече министерот.