Македонија
ДОМ: Современ концепт на одржлива урбана мобилност за Скопје, а не ширење улици
Зелената партија ДОМ го поздравува предлогот на Градот Скопје за претворање на центарот во пешачка зона, што велат дека е и нивна долгогодишна програмска заложба. Тоа е пракса на многу европски градови, а најдобар пример е Виена, која од најпрометната трговска улица Марија-Хилфер Штрасе направи пешачка зона, со многу нови содржини и зеленило, за слободно движење и дружење на граѓаните.
„Сметаме дека овој предлог има сериозен недостаток: предвидува проширување на улицата „Даме Груев“ и претворање во прометен булевар, со уништување на дрворедот и тротоарот. Целата таа обиколница е и резиденцијален дел и со ова би се нанесла голема штета на квалитетот на живот на граѓаните. Укажуваме, дека ширењето на улици во старо градско јадро заради поголем и побрз сообраќај е застарен плански концепт. Светот, а Европа посебно, силно го промовира и применува современиот концепт на одржлива урбана мобилност и паметен град. Суштината е да се обезбеди мултифункционалност на градот, кој постои заради граѓаните, а не заради возилата! Се препорачува намалување на бројот на возила преку користење јавен транспорт, велосипеди и пешачење. Се вложува во електромобилност, велосипедски патеки, тротоари, пешачки зони, зеленило. Ефектот е поефикасен транспорт, помалку гужва во сообраќајот, помалку емисии на штетни издувни гасови, поголема безбедност во сообраќајот и поголема социјална интеграција. Накусо, поквалитетен живот на граѓаните“, велат од ДОМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

