Македонија
ДОМ: Честитки за зелениот бран во Европскиот парламент
ДОМ им честита на своите сестрински зелени партии за историски најдобриот резултат на изборите за Европскиот парламент.
„Оваа институција е заплисната со силен зелен бран и обезбедени се 70 пратенички места или 9,32 проценти. Ова е поддршка за нова Европа и за програмата за климатски промени, социјална правда, зелена економија, владеење на правото и демократија.
Зелените направија спектакуларно удвојување на гласовите во Германија, каде освоија 21,9% и станаа втора партија. Најголем број од овие гласови доаѓа од младите, каде зелената опција е прв избор кај дури 36% од нив! Извонредна поддршка добија и во Франција, Белгија, Данска, Финска, Ирска, Велика Британија, Австрија, Холандија, Шведска, Литванија, Латвија и Луксембург, каде резултатите се движат од 11-18%.
Растот на зелените е пред се придобивка за прогресивна Европа, но тоа е значајно и за Македонија, зашто тие се најголемите поддржувачи на евроинтеграцијата на Западниот Балкан и создавање обединета Европа. Првите изјави на водечките личности на зелените беа ветување дека во Европскиот парламент неуморно ќе работат за граѓаните, за Европа и за планетата“, велат од ДОМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.
Македонија
Сиљановска-Давкова со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван: мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир“, во придружба на неговите соработници.
Информирајќи дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет“ постојано се проширува, Ал Џарван потенцираше дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција.
Тој, во парламентарната демократија и во меѓукултурниот дијалог препознава мировни механизми за промоција и гаранција на мирот и толеранцијата на сите нивоа и во сите средини.
Претседателката ја поздрави хуманата мисија на Глобалниот совет, истакнувајќи дека е добредојдена и делотворна во амбиент на сериозни безбедносни закани.
За неа, Меморандумот за соработка, којшто деновиве го потпиша Глобалниот совет со македонското собрание е чекор напред во одбраната и поттикнувањето на хуманите цели на човештвото, без оглед на разликите по било кој основ.
Таа особено се радува на потпишаниот договор за стипендии на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“, нејзината матична институција, како охрабрувачки за најдобрите студенти, но и оние со лоша материјална положба и неопходна потреба од финансиска помош.
За соговорниците, мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија, развој и просперитет во национални, регионални и меѓународни рамки.

