Македонија
ДОМ: ЈСП да овозможи континуиран автобуски превоз, од 5 до 19 часот

Зелената партија ДОМ апелира ЈСП „Скопје“ да овозможи континуиран автобуски превоз за граѓаните во периодот од 5 до 19 часот кога нема полициски час.
„Граѓаните реагираат дека сегашниот возен режим на автобусите од јавниот градски превоз, во две смени, од 5 до 9 и од 13 до 19 часот, го отежнува завршувањето на нивните обврски. Во некои случаи чекаат и по 2-3 часа, да почне втората смена од возниот ред, за да може да го користат јавниот превоз“, велат од партијата.
ДОМ смета дека континуираниот градски автобуски превоз ќе придонесе и за намален број патници во еден автобус, што е во согласност со мерката за одржување физичка дистанца поради заштита од коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.