Македонија
Донација од 3500 заштитни визири за Македонскиот полициски синдикат
Членовите на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АМСЛ, 3D Принт Медицинска Опрема денес на раководството на Македонскиот полициски синдикат му донираа 3500 заштитни визири кои ќе бидат распределени на наши колегите кои во овие моменти на колективна опасност се дирекно изложени во борбата со Ковид-19.
„Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари -АМСЛ со оваа донација се приклучуваат на низата општествено одговорни компании кои несебично и солидарно го прифатија нашиот повик и понудија помош во заштитна опрема, можеби мала, но за нас како планина голема помош“, се вели во соопштението.
„Донацијата доаѓа во вистинско време бидејќи живееме во моменти кога е потребна солидарност и поддршка. Сакам да потенцирам дека членовите на органите и телата на МПС веќе од утре ќе ги достават визирите во ОЕ на МВР, онаму каде што се најпотребни.Паралелно како што сте известени секојдневно изминативе 20 дена наши синдикални преставници вршат дезинфекција на возила и простории на МВР низ целата држава. Продолжуваме понатаму со распределба на заштитна опрема и средства за дезинфекција, која им е нужна на колегите на терен и која ќе им овозможи непречено и безбедно да работат и да ги извршуваат своите задачи во услови на пандемија во услови кога тие се најповикани да застанат на браникот на државата”, истакна Киро Трајковски, генерален секретар во Македонскиот полициски синдикат, при приемот на донацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

